![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/95/Sun_of_Vergina.svg/langmk-640px-Sun_of_Vergina.svg.png&w=640&q=50)
Македонско национално движење
From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонското национално движење е процес на културно, национално, државно-политичко будење и осамостојување на македонскиот народ. Движењето започнало во 1802 година со употребата на народниот говор, наместо црковнословенскиот јазик, во пишаната реч, а продолжило со манифестирање на македонскиот културно-историскиот идентитет, па сè до барања за обнова на Охридската архиепископија, изградба на посебен македонски литературен јазик. Процесот завршил во 1944 година со формирањето на македонска национална држава, на која и претходела македонска ослободителна револуционерна борба [1][2].