![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/a/a6/RagingBullposter.jpg/640px-RagingBullposter.jpg&w=640&q=50)
Разгневениот бик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Разгневениот бик или „Разјарениот бик“ или „Разбеснетиот бик“ (англиски: The Raging Bull) е американски филм од 1980 година, во режија на Мартин Скорсезе (Martin Scorsese), снимен според сценариото на Пол Шредер и Мардик Мартин, засновано врз книгата на Џејк Ла Мота, Џозеф Картер и Питер Савиџ. Главните улоги ги толкуваат: Роберт Де Ниро (Robert De Niro), Џо Пеши (Joe Pesci), Кети Моријарти (Cathy Moriarty), а споредните улоги ги толкуваат: Френк Винсент (Frank Vincent), Николас Коласанто (Nicholas Colasanto), Тереза Салдана (Theresa Saldana), Марио Гало (Mario Gallo), Френк Адонис (Frank Adonis) и Џозеф Боно (Joseph Bono). Фотографијата е дело на Мајкл Чепмен, а монтажата ја направила Телма Шунмејкер. „Разјарениот бик“ е едно од најпознатите, а според некои и најдоброто, остварување на Скорсезе. Во една анкета, американските филмски критичари го прогласиле за најдобар филм на 1980-тите, списанието „Entertainment Weekly“ го прогласило за еден од најдобрите филмови на сите времиња, а во анкетата на списанието „Premier“ де Ниро (кој за улогата на Џејк Ла Мота морал да се здебели за 20 килограми) го освоил десеттото место на списокот на најдобрите улоги на сите времиња. Филмот се одликува со мајсторска режија и прекрасна црно-бела фотографија, а режисерот совршено го описал психичкиот профил на главниот јунак. Филмот освоил две награди „Оскар“ (де Ниро за најдобра главна улога и Телма Шунмејкер за монтажа), покрај тоа, филмот имал уште шест номинации (најдобар филм, најдобра режија, најдобра машка и женска споредна улога, најдобар звук и најдобра фотографија).[1] Истата година, Де Ниро освоил и „Златен глобус“ во категоријата „најдобар глумец“, а филмот имал уште шест други номинации за оваа награда. Во 1982 година, филмот освоил две награди „БАФТА“, и тоа: Телма Шунмејкер за „најдобро филмска монтажа“ и Џо Пеши за „најдобар дебитант на филмското платно“.[2] Филмот претставува биографија на големиот боксерски шампион, Џејк Ла Мота (Jake La Motta), по чија книга е пишувано и сценариото за филмот. Филмот трае 129 минути.
„Разгневениот бик“ | |
---|---|
![]() | |
Режисер | Мартин Скорсезе |
Продуцент | Ирвин Винклер Роберт Чартоф |
Главни улоги | Роберт Де Ниро Џо Пеши Кети Моријарти |
Кинематографија | Мајкл Чапман |
Монтажа | Телма Шонмејкер |
Дистрибутер | United Artists |
Премиера | ноември 14 1980 (1980-11-14) (Њујорк) декември 19 1980 (1980-12-19) (САД) |
Времетраење | 129 минути |
Земја | ![]() |
Јазик | англиски |
Буџет | $18 милиони |
Бруто заработка | $23.4 милиони |