![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/db/Scorsese_01.jpg/640px-Scorsese_01.jpg&w=640&q=50)
Мартин Скорсезе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мартин Чарлс Скорсезе (роден 17 ноември, 1942) — американски филмски режисер, сценарист, продуцент, глумец и филмски историчар. Тој нашироко се смета како еден од најзначајните и највлијателните филмаџии во историјата на кинематографијата. Тој беше дел од новиот холивудски бран на филмови . Во 1990 година тој ја основал филмската фондација, непрофитна организација посветена на зачувување на филмови, а во 2007 година тој ја основал Светската Кинематографска Фондација. Добитник е на АФИ Наградата за животно дело за неговиот придонес во филмот, а и е добитник на „Оскар“, „Златната палма“, награда за најдобар режисер на Канскиот фестивал, „Сребрен Лав“, „Греми“, „Еми“, „Златен глобус“, БАФТА (Британски филмски награди) и награда од Здружението на режисери на Америка.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/db/Scorsese_01.jpg/320px-Scorsese_01.jpg)
Структурата на делата на Скорсезе даваат акцент на италијанско-американскиот идентитет, римокатоличките концепти за вината и искупувањето, мачоизмот , модерениот криминал и конфликтите помеѓу бандите. Многу од неговите филмови се исто така познати по нивниот опис на насилството и слободната употреба на вулгарности. Скорсезе е режисер на многу значајни филмови, меѓу кои и „Злобни улици“ (1973), „Таксист“ (1976), „Разгневениот бик“ ( 1980), „Кралот на комедијата“ (1983), и „Добри момци“ (1990) – од кои во сите соработувал со глумецот, воедно и добар пријател, Роберт Де Ниро. Тој освојува Оскар за најдобра режија за филмот „Починатите“ (2006). Со осум номинации за најдобар режисер, тој е најмногу номинираниот жив режисер и го дели првото место со Били Вилдер за вкупно најмногу номинации. Од „Бандите на Њујорк“ (2002), Скорсезе исто така е познат по неговата соработка со Леонардо Ди Каприо.