Пјер де Ферма
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пјер де Ферма (француски изговор: [pjɛːʁ dəfɛʁˈma]; 17[1] август 1601 or 1607/8[2] – 12 јануари 1665) бил француски правник во Парламентот на Тулуза, Франција, и математичар-аматер заслужен за раниот развиток на математиката што подоцна довел до инфинитезималното сметање, вклучително и адекватност. Посебно, тој е заслужен за откривање на неговиот оригинален метод на изнаоѓање на најголемите и најмалите ординати на закривените линии. Значаен е неговиот придонес во аналитичката геометрија, веројатноста, и оптиката. Најпознат е по својата последна Фермаова теорема, која ја опишал на белешка на маргината на еден примерок на Диофантовата' Аритметика.
Кратки факти Пјер де Ферма, Роден(а) ...
Пјер де Ферма | |
---|---|
Пјер де Ферма | |
Роден(а) | август 17, 1601(1601-08-17) Бомон-де-Ломањ, Франција |
Починал(а) | јануари 12, 1665(1665-01-12) (возр. 63) Кастр, Франција |
Живеалиште | Франција |
Националност | Французин |
Полиња | Математика и Право |
Познат по | Теорија на броеви Аналитичка геометрија Фермаов принцип Веројатност последна Фермаова теорема |
Влијание од | Франсоа Виет |
Затвори