Протести во Белорусија (2010)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Белоруските протести во 2010 година — масовни протестни акции во Белорусија против резултатите од белоруските претседателски избори во 2010 година, кои се одржале на 19 декември 2010 година и истите биле брутално растурени. Помеѓу 10.000 и 60.000 луѓе учествувале на протестите на плоштадот „Октомври“ и Плоштадот на независноста во Минск. Било најавено дека без Лукашенко ќе се создаде народно движење за слободни избори. Некои учесници се обиделе да упаднат во зградата на Владата. Се случиле судири со полицијата за немири. Како резултат на тоа, десетици луѓе биле приведени и претепани, вклучително и претседателските кандидати, Саников, Костусев, Статкевич и Римашевски. [1]