Минск
From Wikipedia, the free encyclopedia
Минск Менск, Минск | |||
---|---|---|---|
| |||
Координати: 53°54′N 27°34′E | |||
Држава | Белорусија | ||
Основан | 1067 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Микалај Ладуцка | ||
Површина | |||
• Вкупна | 305,48 км2 (11,795 ми2) | ||
Надм. вис. | &10000000000002804000000280,4 м | ||
Население (2007) | |||
• Вкупно | 1,830,700 | ||
• Густина | 6.000/км2 (20,000/ми2) | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Повик. бр. | +375 17 +375 29 (мобилен) +375 25 (мобилен Best или Life) +375 33 (мобилен MTS) +375 44 (мобилен Velcom) | ||
Регистарски таблички | 7 | ||
Мреж. место | www.minsk.gov.by |
Минск (белоруски: Менск, руски: Минск) — главниот и најголем град во источноевропската држава Белорусија. Минск се наоѓа на реките Свислач и Њамиха и градот е седиште на Заедницата на независни држави. Како главен град на Белорусија, Минск има специјален административен статус во рамките на Минската област и Минскиот реон. Градот има население од околу 1.830.000 жители и урбаната средина на градот вклучува уште 30 помали градови и брои население од 3.000.000 жители.
Најраниот запис за Минск датира од 11 век, поточно од 1067 година, кога бил провинцијалски град во рамките на кнежевството Полско. Во 1242 година, Минск станал дел од Големото војводство Литванија и за град бил прогласен во 1499 година. Од 1569 градот бил главен град на Минското војводство во рамките на Полско-литванската Државна Заедница. Градот бил анексиран од страна на Русија во 1793 година како директна последица од втората поделба на Полска. Подоцна, од 1919 до 1991 година Минск бил главен град на Белоруската ССР, за да од 1991 стане главен град на независна Република Беларус.