За време на административната поделба на Грција за време на Кралството Грција од 1833–1836, и повторно од 1845 до нивното укинување со законот Каликратис во 2010, префектурите (грчки: νομοί, ед. νομός) биле главните административни единици на државата. Тие се сега вон употреба, и се приближно заменети од страна на окрузите на Грција (наречени и регионални единици).

Кратки факти
Република Грција
Thumb

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Република Грција



Затвори

Грција се состои од 13 административни региони познати како Периферии на Грција, кои понатаму биле поделени на натпрефектури и 54 префектури (грчки: νομοί).

Според Уставот на Грција префектурите биле воглавно второстепена организација на локалната самоуправа. Сепак тие не биле хиерархиски супериорни во однос на заедниците и општините на Грција. По легислативните реформи од 1994 најголемиот дел од административните должности на префектурите им биле пренесени на перифериите. Сепак, тие сѐ уште имале одредени административни должности кои им се доделени од централната власт (санитарни комитети, служби за просторно планирање) и затоа тие се сметале за административни единици на централната власт.

Првите префектурални избори се одржале во 1994. Пред тоа, префектите биле назначувани од државата.

Организација

Последните промени во префектуралните самоуправи биле формирани во 1994[1] и ги замениле претходните префектури, чиишто совети и префекти биле назначувани од државата.

Префектурите пред укинувањето биле управувани од Префектурален Совет (νομαρχιακό συμβούλιο) составен од 21 до 37 члена,[2] раководени од Префектот (νομάρχης) и претседавани од Претседател на Советот (πρόεδρος).

Други органи на префектурите биле:

  • Префектуралниот Комитет, кој се состоел од префектот или асистент назначен нему, и 4 до 6 члена, избирани од Префектуралниот Совет.[3]
  • Провинцискиот Совет и
  • Епархос (под-префект, έπαρχος).

натпрефектурите имаат свои органи (Совет, Комитет и натпрефект).

Префектуралните советници се избирале по пат на јавни избори секои четири години. Три петтини од сите седишта им следувале на победниците на изборите, додека пак две петтини од седиштата им следувале на преостанатите партии врз основа на пропорционален систем. Префектот станувал претседател на победничката опција. Избраната опција била валидно изгласана доколку освоила повеќе од 42% во првиот круг на префектуралните избори. Доколку ниту една опција не го преминела овој праг, тогаш имало втор круг во кој се гласало за двете опции кои добиле најмногу гласови во првиот круг[4]

Должности

Државата првенствено ги надгледува дејствата на локалните власти, вклучувајќи ги и префектурите, но Устав на Грција[5] и Кодот на Префектуралната Самоуправа[6] сѐ уште им се давало легална контрола на заедниците и општините врз администрацијата на нивните назначени обасти.

Кодот на Префектуралната Самоуправа не вклучува нерестриктивна список на префектурални должности, туку генерално правило, според кое новоформираните префектурални самоуправи ги имаат сите должности на претходните префектури, кои се поврзани со нивното локално управување.[7] Сепак, работите поврзани со „(централното) државно раководење“ кои им припаѓале на префектите пред 1994 сега се извршуваат од Претседателите на Перифериите (περιφερειάρχης).[8] Моменталните префектурални самоуправи ги зачувале локалните работи од префектурален степен кои не ѝ припаѓаат на „(централната) државна администрација“.[9]

Со посебни закони определени работи на некои министерства биле префрлени на Префектуралните Самоуправи (санитарни комитети, служби за урбанистичко планирање итн.).[10]

Список на префектури

  1. (видете подолу)
  2. Евбеја
  3. Евританија
  4. Фокис
  5. Фтиотија
  6. Беотија
  7. Халкидик
  8. Иматија
  9. Кукуш
  10. Постол
  11. Пиерија
  12. Сер
  13. Солун
  14. Хања
  15. Ираклион
  16. Ласити
  17. Ретимно
  18. Драма
  19. Марица
  20. Кавала
  21. Родопи
  22. Скеча
  23. Арта
  24. Јанина
  25. Превеза
  26. Теспротија
  1. Крф
  2. Кефалоња и Итака
  3. Лефкада
  4. Закинтос
  5. Хиос
  6. Лезбос
  7. Самос
  8. Аркадија
  9. Арголида
  10. Коринтија
  11. Лаконија
  12. Месинија
  13. Киклади
  14. Додеканези
  15. Кардица
  16. Лариса
  17. Магнезија
  18. Tрикала
  19. Ахаја
  20. Етолија-Акарнанија
  21. Елис
  22. Лерин
  23. Гребен
  24. Костур
  25. Кожани

a Света Гора

Thumb

Thumb
Префектурите на периферијата Атика

Периферијата Атика (означена со број 1 во картата погоре) се состои од следниве префектури:

  1. Атина
  2. Источна Атика
  3. Пиреј
  4. Западна Атика

Список на префектури опколени со копно

  • Драма
  • Јанина
  • Кожани
  • Кукуш
  • Постол

Список на префектури кои се состојат само од острови или делови од острови

Список на префектури кои се воглавно копнени но исто така вклучуваат острови

Список на ексклави

  • Тризина е ексклава на префектурата Пиреј близу северниот брег на географска Арголида, и се граничи со префектурата Арголида на југ

Список на префектури кои се граничат со странски држави

(долж границата на Грција во правец исток-запад)

Список на префектури чиешто територијално море се допира со море на странска држава

Список на префектури кои се географски екстреми

  • Најисточна префектура: Додеканези (остров Кастелоризо)
  • Најсеверна префектура: Марица
  • Најзападна префектура: Крф (остров Отони)
  • Најјужна префектура: Хања (остров Гавдос). Исто така, најјужна точка на Европа.
  • Префектура со најголемо растојание помеѓу две точки на нејзината територија („најголем пречник“): Додеканези
    (доколку повлечеме линија од Анидрос, остров на северозапад од Патмос, до островот Стронгили, најисточната точка во Грција, само малку на исток од Кастелоризо)
  • Префектура со најмало растојание помеѓу две точки на нејзината територија („најмал пречник“): Лефкас

Список на префектури кои имаат исто име со нивниот главен град

Список на префектури чијшто главен град не е нивен најголем град

  • Халкидик (главен град: Полигирос; најголем град: Неа Мудања)
  • Постол (главен град: Воден; најголем град: Јаница)
  • Беотија (главен град: Ливадја; најголем град: Тива)
  • Етолија-Акарнанија (главен град: Mесолонги; најголем град: Агринио)
  • Западна Атика (главен град: Елефсис; најголем град: Мегара)
  • Источна Атика (главен град: Палини; најголем град: Ахарнес)
  • Арголида (главен град: Нафплио; најголем град: Аргос)
  • Ласити (главен град: Агиос Николаос; најголем град: Иерапетра)

Список на префектури со најмалку населени главни градови

  1. Халкидик (главен град: Полигирос со население од 6.232 жители)
  2. Самос (главен град: Вати со население од 6.275 жители)
  3. Евританија (главен град: Крпеница со население од 6.775 жители)
  4. Фокис (главен град: Амфиса со население од 6.946 жители)
  5. Лефкада (главен град: Лефкада со население од 7.548 жители)
  6. Теспротија (главен град: Игуменица со население од 9.104 жители)
  7. Кефалоња и Итака (главен град: Аргостоли со население од 9.522 жители)
  8. Гребен (главен град: Гребен со население од 10.447 жители)
  9. Ласити (главен град: Агиос Николаос со население од 10.906 жители)
  10. Закинтос (главен град: Закинтос со население од 11.224 жители)

Список на префектури кои се граничат само со една друга префектура

  1. Халкидик (се граничи со Солун|Солун; исто така се граничи со Света Гора, која што не е провинција стрикто сенсу)
  2. Хања (се граничи со Ретимно)
  3. Ласити (се граничи Ираклион)
  4. Марица (се граничи со Родопи)

Список на префектури кои се граничат со најмногу (седум) други префектури

(префектурите со кои се граничат се наведени во правец спротивен на правецот на стрелките на часовникот)

  1. Префектура (се граничи со Иматија, Постол, Лерин, Костур, Гребен, Лариса, Пиерија)
  2. Лариса (се граничи со Пиерија, Кожани, Гребен, Трикала, Кардица, Фтиотија, Магнезија)
  3. Фтиотија (се граничи со Магнезија, Лариса, Кардица, Евританија, Етолија-Акарнанија, Фокис, Беотија)

Список на префектури кои се дел од грчката држава од нејзиното осамостојување

  • Кортинтија
  • Арголида
  • Аркадија
  • Лаконија
  • Месинија
  • Ахаја
  • Елис

Поврзано

  • Список на префектури на Грција според површина
  • Список на префектури на Грција според густина на население
  • Список на префектури на Грција според население

Надворешни врски

Белешки

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.