Преспав
македонска комична телевизиска серија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Преспав — македонска ситуациска комедија со елементи на сатира и магичен реализам во режија на Игор Иванов и по сценарио на Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов. Во периодот од 31 октомври 2016 до 9 јануари 2024 година биле прикажани вкупно седум сезони — првата сезона на ТВ Телма,[1] втората на Телевизија 24,[2] а од третата до седмата на МРТ 1.[3][4] На 26 април 2020 година, доброволно била снимена и прикажана вонредна епизода посветена на Пандемијата на коронавирус, а средствата собрани од маркетинг било најавено дека ќе бидат уплатени во Фондот за борба против КОВИД-19.[5]
Во серијата е прикажана семејната приказна на браќата Бузалевски, кои отвораат пансион во Преспанскиот Регион, благодарение на средствата добиени од фондовите на Европската Унија. Пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во Македонија во кои се прекршува балканскиот менталитет од кој ликовите не можат да избегаат и желбата да се почитуваат и да се воспостават европските стандарди. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан конфликт и недоразбирање од кои произлегуваат комични ситуации во кои се препознаваат и самите гледачи. Секоја епизода има нова тема, нов проблем, нов конфликт и нова разрешница.
Серијалот бил прогласен за ТВ-проект на годината во Македонија за 2018, 2019 и 2020 година, а новогодишната епизода од шестата сезона „Преспав Мјузик Хол“ била прогласена за најпопуларна новогодишна емисија за 2021 година на Златна бубамара на популарноста.[6][7][8][9]