македонска комична телевизиска серија From Wikipedia, the free encyclopedia
Преспав — македонска ситуациска комедија со елементи на сатира и магичен реализам во режија на Игор Иванов и по сценарио на Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов. Во периодот од 31 октомври 2016 до 9 јануари 2024 година биле прикажани вкупно седум сезони — првата сезона на ТВ Телма,[1] втората на Телевизија 24,[2] а од третата до седмата на МРТ 1.[3][4] На 26 април 2020 година, доброволно била снимена и прикажана вонредна епизода посветена на Пандемијата на коронавирус, а средствата собрани од маркетинг било најавено дека ќе бидат уплатени во Фондот за борба против КОВИД-19.[5]
Во серијата е прикажана семејната приказна на браќата Бузалевски, кои отвораат пансион во Преспанскиот Регион, благодарение на средствата добиени од фондовите на Европската Унија. Пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во Македонија во кои се прекршува балканскиот менталитет од кој ликовите не можат да избегаат и желбата да се почитуваат и да се воспостават европските стандарди. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан судир и недоразбирање од кои произлегуваат комични ситуации во кои се препознаваат и самите гледачи. Секоја епизода има нова тема, нов проблем, нов судир и нова разрешница.
Серијалот бил прогласен за ТВ-проект на годината во Македонија за 2018, 2019 и 2020 година, а новогодишната епизода од шестата сезона „Преспав мјузик хол“ била прогласена за најпопуларна новогодишна емисија за 2021 година на Златна бубамара на популарноста.[6][7][8][9]
Вкупниот глумечки состав на серијата „Преспав“ вклучува околу 200 глумци. Табелата во продолжение ги содржи само ликовите кои се појавуваат во повеќе од пет епизоди.
Глумец | Улога | Сезона | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | ||
Јелена Јованова | Јелена Дунимаглова | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 |
Игор Ангелов | Коста Бузалевски | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 |
Тијана Дапчевиќ | Ула Бринкман Бузалевска | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 |
Васил Зафирчев | Марио Домазетовиќ | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 |
Игор Стојчевски | Тони Бузалевски | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 |
Владо Јовановски | Миле Бузалевски | 🟩 | ||||||
Мич | 🟧 | 🟩 | 🟩 | |||||
Игор Џамбазов | Миле Бузалевски | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | |
Горан Стојановски | Инспектор Томе Глобоски | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 |
Адриан Азири | Наим | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 |
Дритон Вејсели | Талат Зибери | 🟦 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 |
Емра Куртишова Стојанова | Исаура | 🟧 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | ||
Владимир Тулиев | Дончо | 🟦 | 🟦 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | 🟩 | |
Наташа Петровиќ | Натали | 🟩 | 🟩 | 🟩 | ||||
Јана Маринова | Преслава Каменова | 🟩 | ||||||
Димитрија Доксевски | Симче Симов (Ниче) | 🟩 | ||||||
Береда Решит | Валентин | 🟦 | 🟦 | 🟦 | 🟦 | 🟦 | 🟦 | |
Александар Микиќ | Поп Крсто | 🟦 | 🟧 | 🟧 | 🟧 | 🟧 | 🟧 | 🟧 |
Зоран Љутков | Звонко | 🟧 | 🟧 | 🟦 | 🟦 | |||
Марина Поп Панкова | Психолог | 🟦 | ||||||
Бајрам Северџан | Лоренцо | 🟦 | 🟧 | 🟧 | 🟧 | |||
Тања Кочовска | Стојна Бузалевска | 🟦 | 🟦 | 🟧 | ||||
Петар Мирчевски | Духот на Гоце | 🟦 | 🟧 | 🟧 | ||||
Бедија Беговска | Духот на Хелга | 🟧 | 🟦 | 🟧 |
Сите сезони од серијата се достапни на gley.mk.
Првите петнаесет епизоди од првата сезона се прикажувале секој работен ден во 20:40 часот на ТВ-Телма. За време на изборниот период се прикажувала по една епизода седмично, а епизодите прикажани на овој начин насловени „Противкандидати“, „Наградна игра“ и „Дуел“ биле прикажани со поднасловот „Преспавполитичка програма“. Од епизодата насловена „Позитивна нула“, прикажувањето на серијата се вратило по стариот распоред, односно секој работен ден во 20:40 часот.
Првата сезона започнала со прикажување на 31 октомври 2016, а завршила на 11 јануари 2017 година.
Број на епизода (во серија) |
Број на епизода (во сезона) |
Епизода | Сценарио | Режија | Датум |
---|---|---|---|---|---|
1 | 1 | Преспаф | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 31 октомври 2016 |
2 | 2 | Технички прием | Елеонора Венинова | Елеонора Венинова | 1 ноември 2016 |
3 | 3 | Мени | Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 2 ноември 2016 |
4 | 4 | ЕУ контрола | Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 3 ноември 2016 |
5 | 5 | Јаболко на раздорот | Венко Андоновски и Сашо Кокаланов | Даријан Пејовски | 4 ноември 2016 |
6 | 6 | Свечено отворање | Елеонора Венинова | Елеонора Венинова | 7 ноември 2016 |
7 | 7 | Оџак | Венко Андоновски и Сашо Кокаланов | Даријан Пејовски | 8 ноември 2016 |
8 | 8 | Ебола | Елеонора Венинова | Елеонора Венинова | 9 ноември 2016 |
9 | 9 | Ракијада | Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 10 ноември 2016 |
10 | 10 | Бегалци | Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 11 ноември 2016 |
11 | 11 | Гатачка | Венко Андоновски и Сашо Кокаланов | Даријан Пејовски | 14 ноември 2016 |
12 | 12 | Рација | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 15 ноември 2016 |
13 | 13 | Синдикат | Елеонора Венинова | Елеонора Венинова | 16 ноември 2016 |
14 | 14 | Тапија | Венко Андоновски и Сашо Кокаланов | Даријан Пејовски | 17 ноември 2016 |
15 | 15 | Опасни врски | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Елеонора Венинова | 18 ноември 2016 |
16 | 16 | Противкандидати | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 26 ноември 2016 |
17 | 17 | Наградна игра | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 3 декември 2016 |
18 | 18 | Дуел | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 10 декември 2016 |
19 | 19 | Позитивна Нула | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 12 декември 2016 |
20 | 20 | Вегетаријанско ќофте | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 13 декември 2016 |
21 | 21 | Мачка и глушец | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 14 декември 2016 |
22 | 22 | Риба за Гинис | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 15 декември 2016 |
23 | 23 | Последен ден | Елеонора Венинова | Вардан Тозија | 16 декември 2016 |
24 | 24 | Рецепционер | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Елеонора Венинова | 19 декември 2016 |
25 | 25 | Сигурен кец | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Елеонора Венинова | 20 декември 2016 |
26 | 26 | Пансион Ал Капоне | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Елеонора Венинова | 21 декември 2016 |
27 | 27 | Артефакт | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 22 декември 2016 |
28 | 28 | Селфи | Димитар Банов | Игор Иванов | 23 декември 2016 |
29 | 29 | Тест за бременост | Елеонора Венинова | Игор Иванов | 26 декември 2016 |
30 | 30 | Ерсте либе | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 27 декември 2016 |
31 | 31 | Маду Пурнима | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 28 декември 2016 |
32 | 32 | Гробно место | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 29 декември 2016 |
33 | 33 | Јеховини сведоци | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Даријан Пејовски | 2 јануари 2017 |
34 | 34 | Концерт | Димитар Банов | Даријан Пејовски | 3 јануари 2017 |
35 | 35 | Гости од Бангладеш | Елеонора Венинова | Елеонора Венинова | 4 јануари 2017 |
36 | 36 | Инвеститор | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 5 јануари 2017 |
37 | 37 | Пишман аџија | Елеонора Венинова | Елеонора Венинова | 6 јануари 2017 |
38 | 38 | Нов дуп за Дупени | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 9 јануари 2017 |
39 | 39 | Братски работи | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 10 јануари 2017 |
40 | 40 | Машки муабети | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Елеонора Венинова | 11 јануари 2017 |
Втората сезона од серијата се прикажувала секој вторник и среда во 19:00 и 22:30 часот на Телевизија 24. Во оваа сезона, Владо Јовановски бил заменет од страна на Игор Џамбазов во улогата на Миле Бузалевски.
Втората сезона започнала со прикажување на 26 декември 2017, а завршила на 28 февруари 2018 година.
Број на епизода (во серија) |
Број на епизода (во сезона) |
Епизода | Сценарио | Режија | Датум |
---|---|---|---|---|---|
41 | 1 | Преси — езерското чудовиште | Алек Попов и Дељана Манева | Игор Иванов | 26 декември 2017 |
42 | 2 | Македонска нафта | Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 27 декември 2017 |
43 | 3 | Лихвари | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 2 јануари 2018 |
44 | 4 | Инспекторка Ленка | Александра Миланова | Игор Иванов | 3 јануари 2018 |
45 | 5 | Креативен центар | Алек Попов и Дељана Манева | Игор Иванов | 9 јануари 2018 |
46 | 6 | Легранд | Елеонора Венинова | Даријан Пејовски | 10 јануари 2018 |
47 | 7 | Тајфун | Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 16 јануари 2018 |
48 | 8 | Поткуп | Елеонора Венинова | Даријан Пејовски | 17 јануари 2018 |
49 | 9 | Близнак | Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 23 јануари 2018 |
50 | 10 | Романтичен викенд | Алек Попов и Дељана Манева | Игор Иванов | 24 јануари 2018 |
51 | 11 | Извршител | Елеонора Венинова | Игор Иванов | 30 јануари 2018 |
52 | 12 | Крвна одмазда | Алек Попов и Дељана Манева | Игор Иванов | 31 јануари 2018 |
53 | 13 | Ловна сезона | Елеонора Венинова | Елеонора Венинова | 6 февруари 2018 |
54 | 14 | Стојна се враќа дома | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 7 февруари 2018 |
55 | 15 | Веслав | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Елеонора Венинова | 13 февруари 2018 |
56 | 16 | Стрико од Америка | Елеонора Венинова | Даријан Пејовски | 14 февруари 2018 |
57 | 17 | Спор за името | Сашо Кокаланов | Даријан Пејовски | 20 февруари 2018 |
58 | 18 | Нудистички ресорт | Алек Попов и Дељана Манева | Даријан Пејовски | 21 февруари 2018 |
59 | 19 | Караоке | Елеонора Венинова | Игор Иванов | 27 февруари 2018 |
60 | 20 | Збогум | Елеонора Венинова и Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 28 февруари 2018 |
Третата сезона од серијата се прикажувала секој работен ден во 20:15 часот на МРТ 1. Во оваа сезона, на глумечкиот состав му се приклучила Јана Маринова во улогата на новата газдарица Преслава Каменова од Бугарија. Третата сезона започнала со прикажување на 17 декември 2018, а завршила на 11 јануари 2019. Во оваа сезона била вклучена и посебна тричасовна новогодишна епизода којашто била прикажана на 31 декември 2018 година.
Третата сезона започнала со прикажување на 17 декември 2018, а завршила на 11 јануари 2019 година.
Број на епизода (во серија) |
Број на епизода (во сезона) |
Епизода | Сценарио | Режија | Датум |
---|---|---|---|---|---|
61 | 1 | Нов газда | Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 17 декември 2018 |
62 | 2 | Се враќа живот во Преспав | Сашо Кокаланов и Елеонора Венинова | Вардан Тозија | 18 декември 2018 |
63 | 3 | Духот на Гоце | Дељана Манева и Алек Попов | Вардан Тозија | 19 декември 2018 |
64 | 4 | Борчот е жив | Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 20 декември 2018 |
65 | 5 | Егзорцист | Алек Попов и Дељана Манева | Вардан Тозија | 21 декември 2018 |
66 | 6 | Селски туризам | Алек Попов и Дељана Манева | Игор Иванов | 24 декември 2018 |
67 | 7 | ДНК-анализа | Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 25 декември 2018 |
68 | 8 | Дива коприва | Елеонора Венинова | Игор Иванов | 26 декември 2018 |
69 | 9 | Две дами | Бојан Трифуновски и Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 27 декември 2018 |
70 | 10 | Бугарски ќебап | Бојан Трифуновски и Сашо Кокаланов | Дина Дума | 28 декември 2018 |
— | — | Новогодишна прослава | Сашо Кокаланов | Игор Иванов и Дина Дума | 31 декември 2018 |
71 | 11 | Грне | Елеонора Венинова | Вардан Тозија | 1 јануари 2019 |
72 | 12 | Богатството на Миле војвода | Алек Попов и Дељана Манева | Игор Иванов | 2 јануари 2019 |
73 | 13 | Неочекуван гостин | Елеонора Венинова | Вардан Тозија | 3 јануари 2019 |
74 | 14 | Доста време ерген одев | Александра Миланова | Вардан Тозија | 4 јануари 2019 |
75 | 15 | Транзит | Алек Попов и Дељана Манева | Игор Иванов | 5 јануари 2019 |
76 | 16 | Тоалетна хартија | Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 7 јануари 2019 |
77 | 17 | Ромска убавица | Алек Попов и Дељана Манева | Дина Дума | 8 јануари 2019 |
78 | 18 | Конгрес | Елеонора Венинова | Вардан Тозија | 9 јануари 2019 |
79 | 19 | Штрајк | Елеонора Венинова | Игор Иванов | 10 јануари 2019 |
80 | 20 | Ослободување на Преспав | Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 11 јануари 2019 |
Четвртата сезона од серијата се прикажувала секој работен ден во 20:15 часот на МРТ 1. Во оваа сезона, Владимир Тулиев во улогата на Дончо и Емра Куртишова во улогата на Исаура, кои во претходните сезони имале епизодна улога, му се приклучиле на глумечкиот состав како едни од главните ликови. Во оваа сезона повторно била вклучена тричасовна новогодишна епизода којашто била прикажана на 31 декември 2019 година, но овојпат истата не била посебна и била дел од снимените 20 епизоди.
Четвртата сезона започнала со прикажување на 18 декември 2019, а завршила на 15 јануари 2020 година.
Број на епизода (во серија) |
Број на епизода (во сезона) |
Епизода | Сценарио | Режија | Датум |
---|---|---|---|---|---|
81 | 1 | Рекет | Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 18 декември 2019 |
82 | 2 | Отказ | Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 19 декември 2019 |
83 | 3 | Цимерки | Алек Попов и Дељана Манева | Вардан Тозија | 20 декември 2019 |
84 | 4 | Кражба | Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 23 декември 2019 |
85 | 5 | Виш инспектор | Игор Трајковски | Георги М. Унковски | 24 декември 2019 |
86 | 6 | Анонимни алкохоличари | Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 25 декември 2019 |
87 | 7 | Je suis Миле | Алек Попов и Дељана Манева | Игор Иванов | 26 декември 2019 |
88 | 8 | Хипотека | Алек Попов и Дељана Манева | Игор Иванов | 27 декември 2019 |
89 | 9 | Филм | Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 30 декември 2019 |
90 | 10 | Избор на мис на Преспа (Новогодишна прослава) |
Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 31 декември 2019 |
91 | 11 | Јагне на комитски начин | Алек Попов и Дељана Манева | Вардан Тозија | 1 јануари 2020 |
92 | 12 | Трансфер | Огнен Неделковски | Георги М. Унковски | 2 јануари 2020 |
93 | 13 | Кладилница | Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 3 јануари 2020 |
94 | 14 | Кукла | Алек Попов и Дељана Манева | Игор Иванов | 6 јануари 2020 |
95 | 15 | Рептил | Алек Попов и Дељана Манева | Вардан Тозија | 7 јануари 2020 |
96 | 16 | Нато генерал | Алек Попов и Дељана Манева | Вардан Тозија | 8 јануари 2020 |
97 | 17 | Пожар | Артин Селмани | Игор Иванов | 9 јануари 2020 |
98 | 18 | Транс тоалет | Игор Трајковски | Георги М. Унковски | 10 јануари 2020 |
99 | 19 | Боро и Рамиз | Сашо Кокаланов и Артин Селмани | Игор Иванов | 14 јануари 2020 |
100 | 20 | Лицитација | Алек Попов и Дељана Манева | Вардан Тозија | 15 јануари 2020 |
Во април 2020 година доброволно била снимена вонредна епизода посветена на Пандемијата на коронавирус со наслов „КОВИД еден без двајсе“, а средствата собрани од маркетинг било најавено дека ќе бидат уплатени во Фондот за борба против Ковид-19. Вонредната епизода била прикажана на 26 април 2020 година во 20:15 часот на МРТ 1.[5]
Број на епизода (во серија) |
Број на епизода (во сезона) |
Епизода | Сценарио | Режија | Датум |
---|---|---|---|---|---|
— | — | КОВИД еден без двајсе | Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 26 април 2020 |
Петтата сезона од серијата се прикажувала секој работен ден во 20:15 часот на МРТ 1.[б 3] Во оваа сезона, Владо Јовановски, кој во првата сезона го глумел ликот на Миле Бузалевски и на крајот на четвртата сезона се појавил како Воин на коњ кој победил на лицитацијата за продажба на пансионот, се вратил во улогата на Мич, а на глумечкиот состав му се приклучила и Наташа Петровиќ во улогата на стилистката Натали како еден од главните ликови.[10] Во оваа сезона трет пат по ред била вклучена посебна тричасовна новогодишна епизода којашто била прикажана на 31 декември 2020 година.
Петтата сезона започнала со прикажување на 18 декември 2020, а завршила на 18 јануари 2021 година.
Број на епизода (во серија) |
Број на епизода (во сезона) |
Епизода | Сценарио | Режија | Датум |
---|---|---|---|---|---|
101 | 1 | Миле Први Бузалевски | Сашо Кокаланов и Вардан Тозија | Вардан Тозија | 18 декември 2020 |
102 | 2 | Империја | Сашо Кокаланов и Вардан Тозија | Игор Иванов | 21 декември 2020 |
103 | 3 | Крвна плазма | Огнен Неделковски и Сашо Кокаланов | Георги М. Унковски | 22 декември 2020 |
104 | 4 | Преспански имунитет | Билјана Црвенковска и Вардан Тозија | Вардан Тозија | 23 декември 2020 |
105 | 5 | Елитен туризам | Билјана Црвенковска и Вардан Тозија | Вардан Тозија | 24 декември 2020 |
106 | 6 | Бјути салон | Артин Селмани | Игор Иванов | 25 декември 2020 |
107 | 7 | Стажантка | Георги М. Унковски, Алек Попов и Дељана Манева | Георги М. Унковски | 28 декември 2020 |
108 | 8 | Тартуфи | Сашо Кокаланов, Алек Попов и Дељана Манева | Дина Дума | 29 декември 2020 |
109 | 9 | Инфлуенсерка | Огнен Неделковски и Сашо Кокаланов | Георги М. Унковски | 30 декември 2020 |
110 | 10 | Бал под маски (Новогодишна прослава) |
Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 31 декември 2020 |
111 | 11 | Отворен брак | Артин Селмани | Игор Иванов | 4 јануари 2021 |
112 | 12 | Моногамист | Александра Миланова и Сашо Кокаланов | Дина Дума | 5 јануари 2021 |
113 | 13 | Банкарот бегалец | Сашо Кокаланов, Алек Попов и Дељана Манева | Игор Иванов | 6 јануари 2021 |
114 | 14 | Предизвик | Косара Митиќ | Дина Дума | 8 јануари 2021 |
115 | 15 | Млеко од магарица | Артин Селмани и Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 11 јануари 2021 |
116 | 16 | Акт работилница | Мона Паскалова и Сашо Кокаланов | Георги М. Унковски | 12 јануари 2021 |
117 | 17 | Миле vs. Миле | Сашо Кокаланов, Вардан Тозија, Алек Попов и Дељана Манева | Вардан Тозија | 13 јануари 2021 |
118 | 18 | Светски, а наш | Сашо Кокаланов и Вардан Тозија | Вардан Тозија | 14 јануари 2021 |
119 | 19 | Прана | Мона Паскалова и Сашо Кокаланов | Дина Дума | 15 јануари 2021 |
120 | 20 | 5Г | Алек Попов и Дељана Манева | Игор Иванов | 18 јануари 2021 |
Шестата сезона од серијата започнала да се снима во октомври 2021 година.[11] Епизодите се прикажувале секој работен ден во 20:15 на МРТ 1.[б 4][12] Во оваа сезона четврти пат по ред била вклучена посебна тричасовна новогодишна епизода којашто била прикажана на 31 декември 2021 година.
Шестата сезона започнала со прикажување на 20 декември 2021, а завршила на 18 јануари 2022 година.
Број на епизода (во серија) |
Број на епизода (во сезона) |
Епизода | Сценарио | Режија | Датум |
---|---|---|---|---|---|
121 | 1 | Нов почеток | Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ | Игор Иванов | 20 декември 2021 |
122 | 2 | Премија | Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ | Игор Иванов | 21 декември 2021 |
123 | 3 | Термална бања | Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ | Георги М. Унковски | 22 декември 2021 |
124 | 4 | Карабина | Миа Николоска | Георги М. Унковски | 23 декември 2021 |
125 | 5 | Ние не сме ангели | Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ | Игор Иванов | 24 декември 2021 |
126 | 6 | Професор Марио | Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ | Игор Иванов | 27 декември 2021 |
127 | 7 | Зете, мили зете | Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ | Дина Дума | 28 декември 2021 |
128 | 8 | Тетка од Ресен | Стефан Миленков | Георги М. Унковски | 29 декември 2021 |
129 | 9 | Наследнички | Стефан Миленков | Георги М. Унковски | 30 декември 2021 |
130 | 10 | Преспав Мјузик Хол (Новогодишна прослава) |
Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ | Игор Иванов | 31 декември 2021 |
131 | 11 | В‘лчишта | Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ | Дина Дума | 3 јануари 2022 |
132 | 12 | Нуклеарно оружје | Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ | Вардан Тозија | 4 јануари 2022 |
133 | 13 | Пинк Пантерка | Христијан Крстевски | Вардан Тозија | 5 јануари 2022 |
134 | 14 | Искушеничка | Косара Митиќ | Дина Дума | 10 јануари 2022 |
135 | 15 | Пансион на годината | Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ | Вардан Тозија | 11 јануари 2022 |
136 | 16 | Месија | Небојша Ромчевиќ и Маја Новељиќ | Вардан Тозија | 12 јануари 2022 |
137 | 17 | Двојна игра | Алек Попов и Дељана Манева | Дина Дума | 13 јануари 2022 |
138 | 18 | Треска за биткоини | Алек Попов и Дељана Манева | Игор Иванов | 14 јануари 2022 |
139 | 19 | Преспанска лигња | Вардан Тозија | Игор Иванов | 17 јануари 2022 |
140 | 20 | Дечипирање | Вардан Тозија | Вардан Тозија | 18 јануари 2022 |
Седмата сезона од серијата вклучува 12 епизоди, коишто се прикажуваат во 20:15 на МРТ 1. Во оваа сезона, на глумечкиот состав му се приклучил Димитрија Доксевски во ликот на Ниче.[13] Последната епизода од седмата сезоната („Свадбата на Јелена“) е музичка епизода.
Седмата сезона започнала со прикажување на 18 декември 2023 година.
Број на епизода (во серија) |
Број на епизода (во сезона) |
Епизода | Сценарио | Режија | Датум |
---|---|---|---|---|---|
141 | 1 | Струен удар | Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 18 декември 2023 |
142 | 2 | Стокхолмски синдром | Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 20 декември 2023 |
143 | 3 | Бидаи | Сашо Кокаланов | Вардан Тозија | 22 декември 2023 |
144 | 4 | Табакерата | Сашо Кокаланов | Игор Иванов | 25 декември 2023 |
145 | 5 | Крипто Кралица | Сашо Кокаланов Калија Киселички |
Игор Иванов | 27 декември 2023 |
146 | 6 | Докторанд | Андреј Волкашин | Игор Иванов | 29 декември 2023 |
147 | 7 | Излези, Плутоне | Андреј Волкашин Петар Вулчев |
Радован Петровиќ | 1 јануари 2024 |
148 | 8 | Инспектор ајкула | Андреј Волкашин Петар Вулчев |
Вардан Тозија | 3 јануари 2024 |
149 | 9 | Чорба од желки | Андреј Волкашин Петар Вулчев |
Дина Дума | 4 јануари 2024 |
150 | 10 | Ренесансата на Ула | Андреј Волкашин Петар Вулчев |
Дина Дума | 5 јануари 2024 |
151 | 11 | Магија за дожд | Андреј Волкашин Петар Вулчев Артин Селмани |
Дина Дума | 8 јануари 2024 |
152 | 12 | Свадбата на Јелена | Андреј Волкашин Петар Вулчев |
Игор Иванов | 9 јануари 2024 |
Во април 2021 година било најавено дека во продукција на ОХО ќе започне со прикажување кулинарска емисија со ликовите од серијата насловена „Кујната на Марио“. Прикажувањето на епизодите започнало на 29 април 2021 година на службениот канал на Преспав на YouTube.[14]
Во текот на 2022 година во сопродукција на МРТ и платформата GLEY била снимена ситуациската комедија „Куќен притвор“, којашто имала за цел да долови детали од личниот живот на инспекторот Томе за време на неговиот престој во куќен притвор по приведувањето на крајот од шестата сезона. Прикажувањето на серијата започнало на 19 септември 2022 година во 20:15 на МРТ 1.[15]
Ликовите од серијата се појавиле и во неколку реклами за маслото за јадење „Брилијант“ коешто го произведува Витаминка како еден од главните спонзори на серијата.[16] Ликови од серијата се јавуваат и во реклами на „Сетек“, „Вива“ и „Винарија Тиквеш“.
Во Бугарија, серијалот започнал со прикажување на 16 декември 2019 година на БТВ Комеди секој работен ден во 17:00 часот.[17]
Серијалот е во производство на ОХО, а се реализира со поддршка на Европската Унија.[18] Продуцент на серијата е Пеце Талески, режијата е на Игор Иванов. Режисери на епизоди се: Игор Иванов, Вардан Тозија, Елеонора Венинова, Даријан Пејовски, Дина Дума и Георги М. Унковски. Главен сценарист на серијалот е Сашо Кокаланов, а сценаријата на епизодите се исто така и од: Елеонора Венинова, Венко Андоновски, Димитар Банов, Алек Попов, Дељана Манева, Билјана Црвенковска, Огнен Неделковски, Вардан Тозија, Александра Миланова, Артин Селмани, Косара Митиќ, Мона Паскалова, Небојша Ромчевиќ, Маја Новељиќ, Миа Николоска и Стефан Миленков. Директор на фотографија на прва сезона е Наум Доксевски, на втора Димо Попов, на трета и четврта Дејан Димески, а на петта и шеста сезона Тони Величковски. Монтажер на прва, трета, четврта, петта и шеста сезона е Сашко Потер Мицевски. Музиката е на Мите Димовски од музичкото студио Тралала.[18]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.