Прерија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Прерија (од фр. prairie = ливада) е биом сочинет од пространа рамнина обрасната со треви и без дрвја[1]. Се одликува со умерена клима и умерени врнежи од дожд. Вакви се и пампите во Јужна Америка и степите во Евроазија.
Подрачјата што го носат името „прерии“ обично се среќаваат во Северна Америка, поточно сите т.б. „внатрешни низини“ во САД, Канада и Мексико, каде спаѓаат Големите Рамнини како и повлажните и поридести предели на исток. Во САД, ваквите предели предоминираат во Северна Дакота, Јужна Дакота, Небраска, Канзас и Оклахома, и значајни делови од Монтана, Вајоминг, Колорадо, Ново Мексико, Тексас, Мисури, Ајова, Илиноис, Индијана, Висконсин и западна и јужна Минесота. Централната Долина во Калифорнија исто така е прерија. Канадските Прерии заземаат огромни површини од Манитоба, Саскачеван и Алберта.