Прва чеченска војна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Прва чеченска војна — воен конфликт меѓу Руската Федерација и Чеченската Република Ичкерија од декември 1994 до август 1996 година. Конфликтот се водел во Чеченија и неколку населени места во соседните региони на Северен Кавказ со цел да се задржи Чеченија во составот на Руската Федерација. Овој конфликт најчесто се нарекува "Прва чеченска војна", иако името на властите гласи:Мерки за одржување на уставниот поредок на Руската Федерација. Конфликтот се одликува со голем број на жртви меѓу цивилното население, како и на војници, масовен геноцид на руските жители во Чеченија и граѓани од други националности.
Прва чеченска војна | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Руски хеликоптер, преземен од страна на чеченските сили во близина на Грозни |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Русија Чеченија | Ичкерија | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Борис Елцин Павел Грачев Анатолиј Куликов Константин Пуликовски Анатолиј Романов Анатолиј Шкирко Вјачеслав Тихомиров Генадиј Трошев Евгениј Родионов | Џохар Дудаев Аслан Масхадов Ибн ал-Катаб Шамил Басајев |
||||||
Сила | |||||||
38,000 (декември 1994) 70,500 (February 1995) | Руската проценка од 15.000 војници[1] | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
Воени сили: 5,732 убиени или исчезнати (официјални податоци) Цивили: Во текот на двете чеченски војни околу 100,000 етнички Руси (Проценка на чеченски власти)[2][3] Најмалку 161 убиени надвор од Чеченија [4] | Воени сили: 17,391 убиени или исчезнати (Податоци од 2001) Цивили: Во текот на двете чеченски војни од 30,000 до 40,000 Чеченци (Податоци од 2005)[3][5] |
И покрај одредени воени успеси на Министерството за внатрешни работи на Русија, овој конфликт станал повод за повлекување на руските сили од Чеченија и независност на Чеченија.