Прва влада на Никола Груевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
25. влада на Македонија — орган на извршната власт во Република Македонија избран по парламентарните избори. Нејзиниот водач Никола Груевски на 28 јули доби мандат за создавање на нова влада од Претседателот Бранко Црвенковски. Новата влада е изгласана во Собранието на Република Македонија на 28 август. За новата влада гласаа пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДПА, НСДП, ДОМ, ПЕИ и од ВМРО-Народна партија, со тоа што ВМРО-НП само гласаше за владата, но не стана дел од владината коалиција. Мандатот на оваа влада заврши на 26 јули 2008 година, по одржувањето на парламентарните избори од 2008 година, на кои повторно победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.
Кратки факти Прва влада на Никола ГруевскиГруевски I, Конституирана ...
Прва влада на Никола Груевски Груевски I | |
---|---|
25. влада на Македонија | |
2006-2008 | |
Груевски во 2007 | |
Конституирана | 28 август 2006 |
Распуштена | 26 јули 2008 |
Организација | |
Претседател | Бранко Црвенковски |
Премиер | Никола Груевски |
Статус во собрание | Малцинска влада |
Историја | |
Избори | 2006 |
Претходен кабинет | Бучковски |
Следен кабинет | Груевски II |
Затвори