Прабалтословенски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Прабалтословенски јазик, или балтословенски прајазик,[1] е реконструиран прајазик (јазик предок), кој произлегол од распадот на праиндоевропскиот јазик и подоцна се поделил на два јазици — прабалтички и прасловенски, кои се предци на денешните балтички и словенски јазици.
Кратки факти Прабалтословенски јазик, Реконструкција од ...
Прабалтословенски јазик | |
---|---|
PBS, PBSl | |
Реконструкција од | Балтословенски јазици |
Ера | 2 милениум п.н.е. – ок. 8 век п.н.е. |
Реконструиран предок | |
Реконструкции од понизок ред |
|
Затвори
Прабалтословенскиот јазик нема пишани споменици, но во лингвистиката се обновува со помош на методот на лингвистичка компарација. Постојат низа на заеднички изоглоси за балтичките и словенските јазици, кои се вообичаени иновации уште од времето на единствениот индоевропски јазик и истовремено можат да се обновуваат по хронолошки редослед.