Поштенска марка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Поштенска марка е начин на евидентирање на претплатата за поштенските услуги. Обично, тоа е мал книжен правоаголник залепен на коверт за писмо. Поштенската марка потврдува дека праќачот на писмото во потполност или делумно ја платил цената на поштенската услуга. Користењето на поштенски марки е најраширениот начин на плаќање за поштенските услуги.
Обликот на поштенските марки е правоаголен. Сепак, постојат и триаголни и петоаголни марки. Сиера Леоне и Того издадоа поштенски марки во облик на овошки. Бутан издаде поштенска марка која претставуваше грамофонска плоча на која е снимена националната химна. Покрај на хартија, марките се издаваат и на фолија. САД издадоа една пластична поштенска марка, а во Холандија издавани се марки на сребрена фолија.