Плик, плико[1] или коверт[2] (француски: couvert) – хартија превиткана и залепена со капак, да може да се стави во неа друга хартија, пари, писмо и сл.[3] Тоа е вид амбалажа за пишани пратки.[4] Вообичаено се изработуваат машински, но може и рачно [5], најчесто со виткање и лепење на хартија во облик на ромбоид.[6]

Thumb
Плик

Историја

Најстарите зачуван облик на пратка со омот потекнува од Вавилонците (околу 2000 година п.н.е.).[7] Тие своите официјални пораки, за да не се оштетат при транспортот, ги обмотувале со печена глина, така што примачот морал да го скрши омотот за да ја прочита пораката. Во средниот век, рачно напишаните пораки ги обмотувале со хартија, а потоа ги запечатувале со восок. Пликот, каков што денес го познавама, бил создаден со појавата на британската и француската поштенска служба, во 17 век.[6] За појавата на овој изум, покрај организирањето на поштата, влијание имала и замената на пергаментот со обична хартија, а влијание имал и развојот на европската буржоазија.[7]

Thumb
Првата поштенска марка со ликот на кралицата Викторија

Од средниот век има повеќе графички докази за употребата на амбалажа за писмо, а во 1671 година, Антоан де Куртен (француски: Antoine de Courtin) во својот „Нов трактат за граѓанското однесување“ (француски: Nouveau traité de civilité) прв пат споменува како на омотот за писмото е напишана адресата на примачот. На француското собрание (1792) било одлучено секое писмо да ја има напишано адресата на примачот, за да лицето кое ги носи не би морало да ги отвора и проверува кому му е упатена пратката. Уште подоцна, 23 февруари 1920 година, исто така во Франција, било одлучено на сите улици во Париз да им се дадат имиња, а од 1830 година официјално почнало разнесување по куќите.[7]

Во Лондон во 1837 година Роуленд Хил (англиски: Rowland Hill) ја објавил првата брошура за реформите на поштата, во која предложил воведување на единствен омот, кој би служел за плаќање на поштарината. Така, според негова идеја, на 1 мај 1840 година била направена првата поштенска марка, во црна боја, со вредност од едно пени, со за сите познатиот лик на кралицата Викторија, кога имала 18 години. Сметал дека марката така нема да биде фалсификувана. Во употреба била во наредните 60 години, сè додека кралицата била на власт.[7][8]

Формати

Thumb
Различни стандардни формати на пликови
Повеќе информации Ознака за формат, Димензии во mm ...
Таблица на формати на коверти
Ознака за форматДимензии во mmФормат на хартијата
C790 x 140посетници
C6114 x 162A4 се витка 2 х = A6
DL110 x 220A4 се витка 2 х = 1/3 A4
C6/C5114 x 229A4 се витка 2 х = 1/3 A4
C5162 x 229A4 се витка 1 х = A5
C4229 x 324A4
C3324 x 458A3
B6125 x 176C6 коверт
B5176 x 250C5 коверт
B4250 x 353C4 коверт
E4280 x 400B4
Затвори

Форматот C е дефиниран со стандардот ИСО 269. Форматот ДЛ (од англиски: Dimension Lengthwise) не е стандарден. Со нешто поголеми димензии, но доста попрактичен е форматот C6/C5, во кој може да влезат неколку листови со формат A4, свиткан три пута, заради што најчесто се користи за праќање деловна документација.[6]

Освен овие формати, постојат коверти со прозорец, најчесто DL и C5 формат, потоа за авионска пошта, за пакување компакт-дискови (ЦД), за посетници (60 x 95 mm), коверти со воздушни перничиња и други.

Адресирање

Испраќачот треба писмото да го стави во плик и да го адресира. Заради побрзо оптичко читање на адресата на примачот и поефикасно сортирање на пратките, на адресната страна на пликот, односно на онаа на која не постои прелом и тоа паралелно со подолгата страна на пликот неопходно е да се напише адресата на примачот. На адресната страна се разликуваат 4 подрачја кои служат за:

  • пишување на адресата најмалку 15 mm од десниот и долниот раб, најмалку 40 mm од горниот раб и најмногу 140 mm од десниот раб
  • означување на поштарината и ставање жиг, во висина 40 mm од горниот, 74 mm од десниот раб
  • детекција на адресата, најмногу 15 mm од левиот и десниот раб, 40 mm под горниот раб и 15 mm над долниот раб
  • кодирање, широк 15 mm од долниот раб и долг 140 mm од десниот раб на пратката

Во подрачјето за пишување на адресата на примачот, потребно е да се впишат следните податоци:

  • име и презиме или назив на примачот
  • улица, куќен број, број на влезот, кат, број на стано, село, населба и сл. или поштенски фах со број
  • поштенски број и име на местото (по правило со големи букви)
  • име или скратено име на државата, во случај кога се работи за меѓународна пратка.

Во случај кога се бара и потврда за прием, во горниот лев агол на адресната страна или на опачината на ковертот, потребно е да се напише и адресата на испраќачот.

Наводи

Литература

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.