Порт Џексон
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Порт Џексон[1] e залив во југоисточното крајбрежје од Австралија кој се состои од три ракави: Сиднејскиот залив (должина од 20 км, ширина од 1 до 3 км и длабочина до 60 м) кој е јужен, најголем и најзаштитен ракав од брановите на океанот, Мидл Харбор (анг: Middle Harbor), Северен залив. Овој залив е дел од Тасмановото Море (дел од Јужниот Тихи Океан). На бреговите од Порт Џексон се наоѓа Сиднејската опера и Сиднејскиот заливски мост. Тука била основана првата европска населба и колонија во Австралија, а потоа Порт Џексон продолжил да игра клучна улога во историјата и развојот на градот Сиднеј.
Порт Џексон | |
---|---|
Панорама на Порт Џексон (2006). | |
Подрачје | Сиднеј, Нов Јужен Велс, Австралија |
Координати | 33°51′30″S 151°14′00″E |
Речни извори | Парамата, Лејн Коув, Мидл Харбор |
Океански/морски извори | Тасманово Море - Тихи Океан |
Сливни земји | Австралија |
Острови | Остров Кларк, Остров Шарк, Остров Гоут, Форт Денисон |
Населени места | Сиднеј |
Во и околу самиот залив се одржуваат многу настани како прославата на новогодишната ноќ во Сиднеј, а тука започнува и Трката со јахти од Сиднеј до Хобарт.
Кога пристигнале Европјаните, обалата околу Порт Џексон била населена со Еора кланови.[2]
За прв Европјанин кој пристигнал во Порт Џексон се смета дека Џејмс Кук. Тој во 1770 година го нарекол заливот по Сер Џорџ Џексон.[3] Џејмс Кук во својот дневник напишал „на пладне бевме... на околу 2 или 3 милји од копното и заливот се чинеше дека има безбедно пристаниште кое јас го нареков Порт Џексон“.
По осумнаесет години, во Порт Џексон пристигнала Првата флота. Таа прво била закотвена во Ботаничкиот залив, а на 21 јануари 1788 година гувернерот Артур Филип отпловил од Ботаничкиот Залив за да најде попогодно место за основање на колонија. Филип прво преноќил во Камп Ков, а потоа отишол во Порт Џексон пред да одлучи да се врати во Ботаничкиот Залив попладнето на 24 јануари. На 26 јануари 1788 година, целата флота се преселила во Порт Џексон каде што Артур Филип ја основал првата колонија во Австралија, која подоцна ќе стане градот Сиднеј.[4][5]
Во август 1908 година по наредба на американскиот претседател Теодор Рузвелт Големата бела флота (флота на морнарицата на САД), пристигнала во Порт Џексон. Од 1938 година, хидроавиони слетувале во Сиднејскиот Залив на Роуз Беј, и тоа станал првиот Сиднејски меѓународен аеродром.
Во 1942 година, за да го заштити Сиднејскиот Залив од напад на јапонски подморници, таму била изградена мрежа против подморници. На 31 мај 1942 година, три јапонски подморници влегле во заливот, а една од нив се заплеткала во мрежата. Откако не успеале да ја ослободат подморницата, екипажот се самоубил. И двата на екипажот од втората подморница извршиле самоубиство. Третата подморница испукала две торпеда кон УСС Чикаго (ја промашиле целта) пред да го напушти заливот. Во ноември 2006 година, оваа подморница била пронајдена во близина на северните плажи во Сиднеј.[6]
Мрежата против подморница била отстранета набргу по Втората светска војна.[7][8]
Форт Денисон е поранешна казнено место и одбранбен објект кое се наоѓа на мал остров сместен сесевероисточно од Кралската ботаничка градина во Сиднејскиот Залив.
На Сиднеј Хедс и на други места има утврдувања, а некои сега се на листата на културно наследство. Првите утврдувања се од 1830-тите и требало да го одбранат Сиднеј од напади од море или од побуни на осуденици. Тврдините биле изградени од песочник ископан на самото место и се состојат од различни тунели, подземни простории, складишта на барут, касарни и ровови.[9][10]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.