Подземна република
From Wikipedia, the free encyclopedia
Подземна република, Тајна република или Држава во држава — епитет на Македонската револуционерна организација, која во текот на своето постоење и дејствување кон крајот на XIX и почетокот на XX век во рамките на Отоманското Царство успеала да создаде паралелни институции на власт. На териториите на Македонија и Одринско почнал да егзистира еден нелегален политички паравоен субјект кој преку своите институции и акти ја остварувал својата цел и волја меѓу христијанското и нехристијанското населението со што се ограничувала јурисдикцијата на самата империја и се загрозувало турското владење во овој дел на Балканот. Псевдонимот Подземна република (An Underground Republik) е употребен од страна на Даме Груев во интервјуто со еден анонимен шкотски новинар во неговата статија за Организацијата во списанието Blackwood’s Magazine',' во текот на неговата посета на Македонија [1], а истиот псевдоним е употребен и од страна на американскиот новинар Алберт Сониксен, авторот на делото Исповед на еден македонски четник [2]