From Wikipedia, the free encyclopedia
Епитетот граматички гледано, скоро секогаш е придавка, или повеќе придавки придодадени кон именката. Епитетот се употребува за сликовито да се истакне некое својство на предметот. Има повеќе видови на епитети. Генерално тие се делат на живи, неживи или мртви и постојани.
Фигури | |
---|---|
Фигури на значењето (тропи) | |
| |
Фигури на формата | |
| |
Живи епитети се нарекуваат оние епитети со кои се постигнува силен поетски ефект. Тие се разликуваат од другите епитети по тоа што не се таму единствено да го опишат простиот надворешен изглед на именките, туку да придонесат кон поголема сликовитост. Затоа уште се нарекуваат и украсни епитети. Мора да постои некаква сличност помеѓу живиот епитет и реалните особини на именката (оригиналниот мртов епитет).
Пр.
Кога велиме за јаболкото дека е црвено, наместо крваво, сме употребиле т.н. мртов епитет. Познати се уште и како прозни епитети поради фактот што почесто ги наоѓаме во прозата отколку во поезијата. Овој вид на епитети се претставени со вообичаени чести придавки. Овие епитети се употребуваат само за да се даде прост опис на именката, без да се добие некој друг посилен емоционален ефект.
Пр.
Покрај овие два вида на епитети постојат уште итн. постојани епитети. Тие се нарекуваат постојани зашто многу често, скоро секогаш ги среќаваме во литературата, со соодветната именка. Затоа уште се наречени и „клиширани“ епитети. Најчесто ги среќаваме во народната поезија.
Пр.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.