Поас (вулкан)
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вулканot Поас (шпански: Volcán Poás) — активен вулкан кој се наоѓа во централна Костарика во Националниот парк Вулкан и има 2,708 метри висина. Вулканот еруптирал 40 пати од 1828 година, вклучувајќи ја и еупцијата од април 2017 година, кога посетителите и жителите биле евакуирани[2]. Вулканот и околниот парк моментално се затворени на неодредено време, со безбедносен периметар од 2,5 километри, поставен околу кратерот кој избувнувал.[3]
Поас | |
---|---|
Poás volcano crater, shown before the 2017 eruptions | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2,708 м [1] |
Координати | 10.2° СГШ; 84.233° ЗГД[1] |
Географија | |
Место | Костарика |
Матичен венец | Централна Кордиљера |
Геологија | |
Вид | стратовулкан |
Последен избув | април 2017 |
Искачување | |
Најлесен пат | пешачење |
Во близина на врвот има две кратерски езера. Северното езеро е познато како Лагуна Калиенте („топла лагуна“) и се наоѓа на височина од 2.300 метри во кратер приближно 0.3 км широк и 30 м длабок. Тоа е едно од најкиселите езера во светот. Киселоста варира по дожд и промени во вулканска активност, понекогаш достигнувајќи pH од скоро 0. Следствено, тој поддржува малку или никаков воден живот. Дното на ова езеро е покриено со слој од течен сулфур[4]. Киселинските гасови создаваат кисели дождови и кисела магла, предизвикувајќи оштетување на околните екосистеми и често иритација на очите и белите дробови.
Езерото Ботос или јужното езеро, го исполнува неактивниот кратер, кој последен за пат избил во 7500 п.н.е. Езерото е ладно и е опкружено со облачна шума во рамките на границите на Националниот Парк.
На 17 мај 1953 година настанала ерупција со која започнал циклус кој траел до 1956 година. Најмалку две лица биле пријавени за исчезнати[5].
Поас бил во близина на епицентарот на земјотрес со јачина од 6,1 степени кој се случил во јануари 2009 година, во кој загинале најмалку четириесет лица и биле погодени од Фраханес, Вара Бланка, Синхона, главниот град Сан Хосе и регионот на Костарика во Централната долина.
Во 2009 година имало и еруптивна активност, вклучувајќи мали избувнувања и лизгање на земјиштето во северниот активен кратер.
На 25 февруари 2014 година, мрежна камера на Вулканолошката и сеизмолошката опсерваторија на Костарика (OVSICORI) го снимила моментот кога темниот облак експлодирал околу 1.000 стапки во воздухот од масивниот кратер на вулканот Поаш. Овој вулкан останува активен до денес[6][7]. Поас е еден од 9-те вулкани во моментов следени од страна на Проектот за депонирање на јаглерод диоксид. Проектот собира податоци за стапките на емисија на јаглерод диоксид и сулфур диоксид[8].
На 9 април 2017 година, претставници на националниот парк го ограничиле пристапот на посетителите во Поас поради зголемениот обем на токсични гасови во кратерот на врвот[9]. Експлозијата на 12 април предизвикала властите на паркот да го затворат популарниот парк за посетителите. Мерката била означена како „привремена“[10] . Некои жители од околината, исто така, биле евакуирани[2].
На 14 април 2017 година, две ерупции во 07:39 и 07:57 создале повеќе од три километри пепел и пареа.[11] . Дополнителни експлозии се случиле на 16 април[12].
По значителна експлозија на 22 април, која ги оштетила објектите на паркот и инфраструктурата, претседателот на Костарика Луис Гуљелмо Солис ги посетил околните градови следните два дена. Стопанствениците ги опишале негативните финансиски влијанија кои го предизвикало затворањето на вулканскиот парк, а Солис објавил видео на шпански и англиски јазик, барајќи од потенцијалните туристи да ги посетат продавниците и рестораните во околните заедници. Тој исто така ветил основање на агенции за вонредни состојби кои ќе продолжат да ги ажурираат извештаите за ерупцијата[13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.