![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/41/Pluton_Chapu_chateaudeChantilly.jpg/640px-Pluton_Chapu_chateaudeChantilly.jpg&w=640&q=50)
Плутон (митологија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Плутон (латински: Plutone) бил бог на подземниот свет во римската митологија. Негови браќа се: Јупитер, Нептун, а негови сестри се: Јунона, Веста и Дијана. Плутон ја има истата приказна како Ад во старогрчката митологија.[1] Негови родители се: Сатурн и Кибела.
Плутон | |
---|---|
![]() Статуа на Плутон (околу 1884-1886) од Анри Шапу, во паркот Шантији, Париз. | |
Бог на подземјето | |
Други имиња | Хад/ Ад/ Диспатер |
Оружје | Шлем (кој го прави невидлив) |
Животни | Кербер |
Симбол | црно жезло од абонос рог на изобилството шлемот на невидливоста |
Сопружник | Персефона |
Родители | Сатурн и Реја |
Браќа/сестри | Јупитер, Нептун Јунона, Церера и Веста |
Списи | Теогонија, Хесиод Грабнувањето на Персефона (мит) |
Словенски пандан | Велес |
Народ | Римјани |
Плутон и Хад имаат различен карактер, но тие не се два различни лика и споделуваат два доминантни мита. Во грчката космогонија, на богот му се паѓа да владее со подземјето во светот поделен на тројца - брат му Зевс владетел на небото и другиот брат Посејдон владетел на морето. Централниот расказ за него е грабнувањето на Персефона која ќе биде негова жена и кралица на неговото кралство.[2] Плутон како владетел на подземјето за првпат се појавува во грчката книжевност за време на класичниот период, во делата на атинските драматурзи и на филозофот Платон, кој е најголемиот грчки извор на неговото значење. Под името Плутон, богот се појавува и во други помлку значајни митови, особено во оној за симнувањето на Орфеј и други јунаци во подземјето.[3]