Јунона
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јунона (лат. Iuno) — римска божица на небото и заштитничка на жените,[1] најценета божица во римскиот пантеон, поистоветена со грчката божица Хера. Подоцна, Римјаните и картагинската божица Танит ја поистоветувале со Јунона.[2] Ја сметаат за ќерка на Сатурн и жена на врховниот римски бог Јупитер. Владеела покрај него како Regina („кралица“) и била ценета како покровителка и заштитничка на Рим. Во тоа својство, заедно со Минерва, таа била дел од т.н. капитолски тријади, и затоа имале посебна соба во Јупитеровиот храм. Претставувана е со дијадема на главата, со скиптар и гром во рацете.