Пискупштина
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Пискупштина — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.
Пискупштина | |
Поглед на дел од селото и мост над Пискупска Река | |
Координати 41°19′15″N 20°36′20″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Струга |
Област | Дримкол |
Население | 145 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6337 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 26039 |
Надм. вис. | 790 м |
Слава | Свети Никола Летен |
Пискупштина на општинската карта Атарот на Пискупштина во рамките на општината | |
Пискупштина на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северниот дел на територијата на Општина Струга, во северозападниот дел на Струшкото Поле.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 960 метри. Од градот Струга е оддалечено 22 километри.[2]
Селото е вовлечено во долината на Пискупска Река и куќите се наоѓаат на обата брега на реката. Пискупштина е поделено на две маала: Груовско на левиот брег и Ѓеровско на десниот брег од реката.[3]
Селото се наоѓа во областа Дебарски Дримкол, во североисточните падини на планината Јабланица. Оддалечено е 32 километри јужно од Дебар.
Подрачјето на Пискупштина е населено уште од средниот век, за што сведочи наоѓалиштето Кале во атарот на селото.[4]
Во XIX век, Пискупштина било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.
Селото го основале односно го обновиле доселеници од Голо Брдо. По кажување на денешните жители, денешното село било напуштено, поради што луѓе од Голо Брдо дошле и го заземеле земјиштето. Кажуваат дека порано селото се наоѓало на месноста Старо Село, над Ѓеровското Маало, а некогаш постоеле куќи и на месноста Шелишници.[3]
Атарот зафаќа простор од 5,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 348 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 139 хектари.[2]
Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[2]
Кај селото се откриени резерви од јаглен од околу 3,5 милиони тони и тој се експлоатира.[5]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото имало 30 домаќинства и 94 жители мажи.[6]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Пискупштина имало 165 жители.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пискупштина имало 176 жители.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]
Селото е мало, населено со македонско население. Во 1961 година, селото броело 249, а во 1994 година 256 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Пискупштина живееле 182 жители, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 145 жители, од кои 135 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 8 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 165 | 176 | 239 | 263 | 249 | 284 | 275 | 266 | 256 | 182 | 145 |
Во селото постојат следниве родови: Ѓеровци (6 к.), побегнале од Стеблево поради Турците, кога дошол Петре пред 150 години; Груовци (3 к.), со гранка Бежановци (2 к.), дошол Живко од Стеблево, а потекнуваат од Подгорица во Црна Гора, викаат дека и Домазетовци во Јабланица се нивна гранка; Ѓутевци (1 к.), исто така од Стеблево, од каде дошол Дуко, а потекнуваат од Херцеговина; Кленковиќ (1 к.), потекнуваат од Клења во Голо Брдо; Анѓелковци (4 к.), исто така од Стеблево; Цацановци (2 к.); Дукиќи (3 к.); Бешковци (2 к.).[3]
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Луково.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било дел од тогашната општина Луково.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дримкол, во која покрај селото Пискупштина, се наоѓале и селата Безово, Јабланица, Лакаица, Луково и Нерези. Во периодот 1950-1952 година, селото Пискупштина било дел од некогашната општина Нерези, во која влегувале селата Луково, Нерези и Пискупштина.
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1891, кое според Државната изборна комисија е сместено во основното училиште.[17]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 203 гласачи.[18] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 197 гласачи.[19]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.