Пирна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пирна (германски: Pirna) — град во сојузната покраината Саксонија, Германија. Градот претставува административно седиште на округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини. Населението на градот е над 40.000 жители. Пирна се наоѓа близу Дрезден и е важен град во округот. Исто така е познат по труењето со гас на 15.000 луѓе со посебни потреби во замокот Зоненштајн помеѓу јуни 1940 и август 1941, убиства кои престанале по притисокот на месното население врз властите. Денес, мала плакета кај замокот Зоненштајн и Споменикот Зоненштајн ги одбележуваат мртвите.
Кратки факти Земја, Местоположба на градот Пирна во рамките на округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини ...
Пирна | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини |
Општ. заед. | Пирна |
Градски единици | 16 |
Градоначалник | Маркус Улбиг (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 53,01 км2 |
Надм. височина | 109−340 м |
Население | 38.284 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 722 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | PIR |
Пошт. бр. | 01781–01796 |
Повик. бр. | 03501 |
Портал | www.pirna.de |
Местоположба на градот Пирна во рамките на округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини | |
![]() | |
Координати | 50°57′44″N 13°56′25″E |
Затвори