Општинска заедница
збир на самостојни општини во Долна Саксонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Општинска заедница (германски: [Samtgemeinde] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) — административна единица во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се поистоветува со амт (Шлезвиг-Холштајн, Мекленбург-Западна Померанија и Бранденбург) и здружената општина или Verbandsgemeindecode: de is deprecated (Рајнска област-Пфалц и Саксонија-Анхалт). Претставува сојуз на општини, кој извршува административни должности за нејзините членки. Општинската заедница треба да има барем 7.000 жители (според покраинскиот закон на Долна Саксонија). Задачите на општинските заедници може да бидат: просторно планирање, управување со отпадните води, социјална заштита и управување со гробиштата и противпожарните бригади. Исто така може да водат грижа за основните училишта, изградбата на локалните патишта, опрема и одржување на библиотеките, спортските места и основање на друга јавни установи и да води други должности за нејзините членки, на пример, туризмот. Голем дел (околу 80 %) од општините во Долна Саксонија членуваат во некоја општинска заедница