![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/da/The_Parthenon_in_Athens.jpg/640px-The_Parthenon_in_Athens.jpg&w=640&q=50)
Партенон
From Wikipedia, the free encyclopedia
37.9714° СГШ; 23.7265° ИГД / 37.9714; 23.7265
Партенон | |
---|---|
Παρθενώνας | |
![]() Партенон | |
![]() | |
Општи податоци | |
Вид | Храм |
Стил | Класична архитектура |
Место | Атина, Грција |
Почната | 447 п.н.е.[1][2] |
Завршена | 432 п.н.е.[1][2] |
Уништена | делумно на 26 септември 1687 |
Висина | 13.72 м (45.0 ст)[3] |
Димензии | |
Други димензии | Cella: 29.8 by 19.2 м (98 by 63 ст) |
Технички податоци | |
Големина | 69.5 by 30.9 м (228 by 101 ст) |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Иктин, Каликрат |
Други проектанти | Фидиј (скулптур) |
Партенон (старогрчки: Παρθενών; грчки: Παρθενώνας, Parthenónas) — поранешен храм[4][5] на Атинскиот Акропол, Грција, посветен на божицата Атена. Изградбата започнала во 447 п.н.е. кога Атинската империја била на врвот на својата моќ. Тој бил завршен во 438 п.н.е., иако декорацијата на зградата продолжила до 432 п.н.е. Тоа е најважната преживеана градба на Класична Грција, која генерално се смета за зенитот од дорскиот ред. Нејзините украсни скулптури се сметаат за некои од највисоките точки на грчката уметност. Партенонот се смета за траен симбол на Стара Грција, атинската демократија и западната цивилизација[6], и еден од најголемите светски културни споменици. Атињаните што го изградиле, Партенон и други споменици ги сметале за фундаментални како прослава на хеленската победа над персиските напаѓачи и како благодарност до боговите за таа победа. Грчкото Министерство за култура спроведува програма за селективна реставрација и реконструкција за да обезбеди стабилност на делумно руинираната структура[7].
Самиот Партенон го заменил стариот храм на Атена, кој историчарите го нарекуваат пред-партенонски храм или Постар Партенон, кој бил уништен во персиската инвазија на 480 п.н.е. Храмот е археоастрономски усогласен со Хијадите[8]. Како и повеќето грчки храмови, Партенон служел како градски трезор[9][10]. Некое време служел како трезор на Делианската лига, која подоцна станала Атинска Империја. Во последната деценија од 6 век од н.е., Партенонот бил претворен во христијанска црква посветена на Богородица.
По османлиското освојување, во раните 1460-ти години, таа била претворена во џамија. На 26 септември 1687 година, отпадот од муницијата во зградата се запалил од венецијанското бомбардирање. Последичната експлозија сериозно го оштетил Партенонот и неговите скулптури. Од 1800 до 1803 година[11], Томас Брус, 7-миот Ерл од Елгин, ги отстранил некои од преживеаните скулптури со наводна дозвола од Отоманското Царство. Овие скулптури, сега познати како Мермерите на Партенон, биле продадени во 1816 година на Британскиот музеј во Лондон, каде што се наоѓаат денес и се изложени. Од 1983 година (по иницијатива на министерот за култура, Мелина Меркури), грчката влада е посветена на враќањето на скулптурите во Грција[12].