From Wikipedia, the free encyclopedia
Папирусите од Абусир се најголемите откриени папируси досега кои датираат од Старото Кралство на Египет.[1][2] Првите папируси биле откриени во 1893 година кај Абу Гораб во близина на Абусир во северен Египет. Нивното потекло датира од околу 24 век п.н.е. за време на Петтата династија во Египет, што ги прави, иако честопати лошо расцепкани, меѓу некои од најстарите преживеани папируси досега.[3] Подоцна, во областа биле откриени голем број дополнителни фрагменти.
Папирусите од Абусир се сметаат за најважни наоди на административни документи од Старото Кралство. Тие даваат детални информации за управувањето со кралскиот храм и вклучуваат задачи за свештениците, залихи на опрема за храмот и списоци со дневни понуди на двата соларни храма во Абу Гораб, северно од Абусир, како и писма и дозволи.[1][3][4][5][6] Фрагментите се остатоци од два различни текста.
Воведот е напишан со хиероглифи и започнува со датум (датумите во тоа време биле изразени со бројот на националните говеда) што се однесува на владеењето на Џедкаре Исеси, со што ракописите се датирани близу крајот на Петтата династија.[1]
Фрагментите од папируси се напишани во колони поделени во три хоризонтални регистри.[6][7]
Хиератскиот текст десно ја сумира распределбата на житото.[3]
Папирусите од Абусир се збирка административни папируси кои датираат од 5-та династија. Папирусите биле пронајдени во комплекот од храмови на Нефериркаре Какаи, Неферефре и кралицата Кенткаус II.
Првите фрагменти од папирусите биле откриени во 1893 година[5] за време на нелегални ископувања во Абусир. Тие содржеле ракописи во врска со Нефериркаре Какаи и потоа биле продадени на разни египтолози[1] и музеи.[2] Германскиот египетолог Лудвиг Борхарт подоцна ја идентификувал локацијата каде што се најдени во близина на пирамидалниот храм на кралот на Петтата династија Нефериркаре. Оваа теорија била потврдена со откривањето на повеќе фрагменти од страна на Борхарт за време на ископувањата во храмот. Папирусите од комплексот на Нефериркаре Какаи биле пронајдени во магацините сместени во југозападниот дел на комплексот.
Врз основа на информациите од првиот папирус од Абусир, во средината на 1970-ти години чешки археолози под водство на Мирослав Вернер можеле да го пронајдат погребниот споменик на Неферефре со дополнителни 2.000 одделни парчиња папируси.[2][5][8] Тие главно се наоѓале во просториите за складирање во северозападниот дел од конструкцијата. Постојат докази дека папирусите првично биле прицврстени со кожни ремени и чувани во дрвени кутии.
Понатамошните ископувања на чешката експедиција на ова место откриле и папируси на погребниот споменик на Кенткаус (мајка на Кенткаус II).[2][5]
Покрај обемните ископувања во пирамидалната областна Абусир, спроведени од Чешкиот институт за египтологија на Универзитетот Чарлс[9] од 1970-ти години, Институтот за египтологија на Универзитетот Васеда започнаl со ископувања на ова место во септември 1990 година.[4][10]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.