Хиератско писмо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хиератско писмо е курзивно писмо, коое го користеле службениците на фараоните во Египет и Нубија[1].
Remove ads
Тоа се развивало паралелно со египетското хиероглифско писмо, со кое било блиско поврзано. Најчесто било пишувано со мастило и четка од трска врз папирус, тоа им овозможувало на писарите да пишуваат многу побрзо отколку со хиероглифското писмо.
Во 2 век од нашата ера, терминот „хиератско“ за прв пат било употребено од Свети Климент Александриски. Овој збор потекнувал од грчката фраза „γράμματα ἱερατικά“, што буквално значело „свештеничко писмо“. Во тоа време, хиератското писмо се користело за пишување на религиозни текстови, што и било негова основна употреба во претходните илјадници години[2].
Remove ads
Развој
Во преддинастичкиот период во Египет, хиератското писмо се развивало напоредно со египетските хиероглифи. Хиератското писмо не произлегло од хиероглифското. Најстарите египетски напишани текстови биле напишани со мастило и четки, и нема индикации дека овие симболи потекнуваат од хиероглифите. Монументалните хиероглифи врежани во камен не се појавиле сè до Прва египетска династија, хиератското писмо во тоа време веќе долго време се користело. Овие два система за пишување се развиваале паралелно и не биле поврзани[3].
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads