Отис Рединг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Отис Реј Рединг Помладиот (англ: Otis Ray Redding, Jr.; 9 септември 1941 – 10 декември 1967 година) ― американски пејач и текстописец. Се смета за еден од најголемите пејачи во историјата на американската забавна музика со исклучитено влијание во развојот на соул и ритам и блуз музиката. Го носи прекарот „Крал на соулот“, а неговиот стил на пеење бил инспириран од госпел музиката која е претходница на соулот. Со својот стил на пеење, Рединг влијаел на многу други соул пејачи од 1960-тите.
Отис Рединг | |
---|---|
Отис Рединг во 1967 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Отис Реј Рединг Помладиот |
Познат(а) и како | |
Роден(а) | септември 9, 1941(1941-09-09) Досон, Џорџија, САД |
Починал(а) | декември 10, 1967(1967-12-10) (возр. 26) Медисон, Висконсин, САД |
Жанрови | |
Занимања |
|
Период на активност | 1958–1967 |
Издавачи |
|
Мреж. место | otisredding.com |
Рединг добил многу постхумни признанија, како две Греми награди, Греми награда за животно дело, бил примен во Куќата на славните од рокенролот, Булеварот на славните за црнечка музика и забава,[4] и Куќата на славните текстописците. Освен „(Sittin' On) The Dock of the Bay“, „Respect “ и „Try a Little Tenderness“ се меѓу негови најпознати песни.