Административна поделба на Гренланд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Административната поделба на Гренланд ја опфаќа политичката поделеност на државата поради статистичко-административни причини. Државата е поделена на општини како првостепена административна поделба. Вкупно, Гренланд има 4 големи по територија општини.[1] Покрај тоа, често во оваа група се вклучува и најголемиот во свет Североисточен гренландски национален парк. Важно е да се напомене дека Воздухопловството на САД има своја енклава (Воздухопловна база Туле) во Касуитсуп.