From Wikipedia, the free encyclopedia
Административната поделба на Гренланд ја опфаќа политичката поделеност на државата поради статистичко-административни причини. Државата е поделена на општини како првостепена административна поделба. Вкупно, Гренланд има 4 големи по територија општини.[1] Покрај тоа, често во оваа група се вклучува и најголемиот во свет Североисточен гренландски национален парк. Важно е да се напомене дека Воздухопловството на САД има своја енклава (Воздухопловна база Туле) во Касуитсуп.
Актуелната административна поделба на Гренланд стапила на сила на 1 јануари 2018 година:
име | гренландски | адм. центар | грб | ISO[2] | население | површина (км²) |
---|---|---|---|---|---|---|
Аваната | Avannaata Kommunia | Илулисат | 10,651 | |||
Кујалек | Kommune Kujalleq | Какорток | GL-KU | 7,589 | 32,000 | |
Кекерталик | Kommune Qeqertalik | Асијат | 6,504[4] | |||
Кеката | Qeqqata Kommunia | Сисимиут | GL-QE | 9,677 | 115,500 | |
Сермерсок | Kommuneqarfik Sermersooq | Нук | GL-SM | 21,232 | 531,900 | |
Првата поделба на островот била меѓу данските колонии Северен Гренланд со седиште во Кекертарсуак и Јужен Гренланд со седиште во Нук. Ваквата поделба траела до 1940-те кога островот бил обединет и добил централна административна управа.
По доделувањето на статусот на рамноправна сојузна држава во рамките на Кралството Данска, државата била поделена на „поделби“ во 1951 година. Тие биле Источен Гренланд, Западен Гренланд и Северен Гренланд. Североисточниот национален парк бил создаден во 1974 година. По доделувањето на статусот на самостојна управа во 1979 година имињата на општините добиле гренландски имиња: Кита, Туну и Авана. Поделбата Кита имала 15 општини, Туну 2 и Авана 1 општина
Округот имал 1 општина, општина Канак. Покрај општината, на територијата се наоѓала Воената база Туле и Североисточниот гренландски национален парк.
На територијата на округот се наоѓале: општина Амасалик, општина Итокортормит и дел од сегашниот национален парк.
На територијата на округот се наоѓале општините:
Јужен дел:
Средиштен дел:
Северен дел:
„Административна поделба на Гренланд“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.