Сермерсок
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сермерсок (гренландски: Kommuneqarfik Sermersooq, „место со многу мраз“) е општина во Гренланд. Општината е основата со територијалната поделба од 1 јануари 2009 година.[2] Седиште на општината е Нук, главниот и најголем град во Гренланд. Со своите 21.868 жители според податоците од 2013 година, таа е најголема општина во државата според население.[3] Општината го опфатила поранешните:[4] општина Амасалик, општина Итокортормит, општина Ивитут, општина Нук и општина Памиут.
Општина Сермерсок Kommuneqarfik Sermersooq | ||
---|---|---|
општина | ||
Местоположба во Гренланд | ||
Координати (Сермерсок): 66°00′N 40°00′W | ||
Држава | Данска | |
Сојузна држава | Гренланд | |
Општина | Сермерсок | |
Основана | 1 јануари 2009 | |
Седиште | Нук | |
Управа[1] | ||
• Градоначалник | Аси Чемниц Наруп | |
Површина[2] | ||
• Вкупна | 531.900 км2 (205,400 ми2) | |
Население (2013)[3] | ||
• Вкупно | 21.868 | |
• Густина | 0,041/км2 (0,11/ми2) | |
Час. појас | UTC-03, UTC-01 | |
Повикувачки бр. | +299 | |
ISO 3166 | GL-SM | |
Мреж. место | sermersooq.gl |
Општината се наѓа во централниот и источнио дел на државата и има површина од 531,900 km2 (205,367.7 ми).[2] Таа е втората најголема општина во државата и светот,[2] по Касуитсуп. На југ се наоѓа општината Кујалек. На запад се наоѓа Лабрадорското Море. На северозапад се наоѓа општината Кеката. На север од општината се наоѓа Североисточниот гренландски национален парк.
На територијата на општината се наоѓаат следиве населени места:
Сермерсок е една од двете општини кои се протегаат на двата брега на Гренланд. Населените места од источниот и западниот брег се поврзани со летови од Аеродромот Нук и Аеродромот Нерлерит Инат.[5] Исто така има и летови од Нук и Аеродромот Памиут на западниот брег. Меѓу населените места нема патна инфраструктура, како што е и во целата држава.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.