Општина Кисела Вода
From Wikipedia, the free encyclopedia
Општина Кисела Вода — општина во градот Скопје. Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската Котлина. Таа се граничи со општина Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопиште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода во 2002 година, има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници. Центар на неговата општина е истоимената населба. Општината се намалила во Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година по оформувањето на Општина Аеродром кога за првпат била одржана седница на советот на оваа општина.
Општина Кисела Вода | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Седиште | Град Скопје | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Орце Ѓорѓиевски | ||
Површина | |||
• Вкупна | 46,86 км2 (18,09 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 61.965 | ||
• Густина | 1,300/км2 (3,400/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +02 | ||
Регистарски таблички | SK | ||
Мреж. место | kiselavoda.gov.mk |
Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главно туристичко одредиште во овој регион.