Нортхајм (округ)
округ во Долна Саксонија From Wikipedia, the free encyclopedia
округ во Долна Саксонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Нортхајм (германски: Northeim) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од северозапад надесно) окрузите Холцминден, Хилдесхајм, Гослар, Остероде и Гетинген и сојузната покраина Хесен (округ Касел).
Во средновековниот период, областа била дел од Војводството Брауншвајг-Линебург. Подоцна, поголемиот дел од територијата припаѓала на Хановер, а подоцна на Прусија. Во 1885 година, пруската влада создала окрузи во новоосвоените покраини. Во 1884 година биле основани окрузите Ајнбек, Нортхајм и Услар. Нортхајм и Услар биле споени во 1932 година, а подоцна се споиле и со Ајнбек во 1974 година. Територијата на округот била дополнително проширена во 1977 година, кога некои општини од соседните окрузи (Гандерсхајм и Остероде) се приклучиле на округот Нортхајм.
Округот се наоѓа во Везерското Средногорје. Реката Везер ја создава западната граница на округот. Реката Лајне тече низ округот од југ на север. Во нејзе се влева реката Руме, која тече низ градот Нортхајм, а реката Илме тече низ градот Ајнбек.
Грбот прикажува два идентични лава во сино и жолто, обата претставувајќи ги окрузите Нортхајм и Услар. Лавот го претставува војводството Брауншвај-Линебург. |
Градови | Слободни општини | Слободни области |
---|---|---|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.