Нилс Бор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нилс Хендрик Давид Бор (Предлошка:Дански: ˈb̥oɐ̯ˀ; 7 октомври 1885 – 18 ноември 1962) — дански физичар кој има голем удел во толкувањето на атомската структура и теоријата на кванти, за кое му е доделена Нобелова награда по физика во 1922. Бор исто така е и филозоф и промотор на научните истражувања.[1]
Нилс Бор | |
---|---|
Роден(а) | Нилс Хенрик Давид Бор 7 октомври 1885(1885-10-07) Копенхаген, Данска |
Починал(а) | 18 ноември 1962(1962-11-18) (возр. 77) Копенхаген, Данска |
Националност | Данец |
Полиња | Физика |
Установи |
|
Образование | Копенхашки универзитет (Докторат, Мај 1911) Тринити колеџ (Пост-дипломски студии) |
Теза | „Studier over Metallernes Elektrontheori (Изучување на електронската теорија на металите)“ (Mај 1911) |
Докторски ментор | Кристијан Кристијансен |
Други ментори | Џ.Џ.Томсон Ернест Радерфорд |
Докторанди | Хендрик Антони Крамерс |
Други значајни студенти | Лав Ландау |
Познат по |
|
Влијание од |
|
Влијаел врз |
|
Поважни награди |
|
Сопружник | Маргарет Норлунд (m. 1912–1962) |
Деца | шест |
Потпис |
Бор го создал боровиот модел на атомот, во кој предложил енергетските слоеви на електроните да се одвоени во кои електроните орбитираат околку атомско јадро но имаат способност да преминуваат од еден енергетски слој ( орбита) во друг. Иако боровиот модел е истиснат од другите модели, неговите непоколебливи принципи остануваат валидни. Тој го зачленува принципот на комплементраност: нештата одвоено се анализираат во услови на контрадикторни квалитети, слично како однесување како бран од честички. Дизајнот на комплементарост превладува во Боровото размислување на полето на наука како и на филозофија.
Бор го втемелува Институтот на теоретска физика на Копенхашкиот универзитет, сега познат како Боров институт, кој се отворил во 1920. Бор бил ментор и сорботувал со физичарите вклучувајќи го Ханс Крамерс, Оскар Клајн, Џорџ де Хевези и Вернер Хајзенберг.Тој го предвидил постоењето на нов зикрониум-елемент, кој бил наречен хафниум, по латинското име на Копенхаген, каде е и отркриен. Подоцна елементот бориум е крстен по него.
Во текот на 1930-тите, Бор помогнал на азиланти од Назицам. По германската инвазија 1940 година, Данска била окупирана од гермаци, тогаш тој имал познат состанок со Хајзенберг, кој бил водач на проектот за германско нуклерно оружје. Во септември 1943, Бор е известен дека ќе биде заложник на германците, затоа тој заминува за Шведска. Од таму, лета за Британија, каде се прклучува на британците во нивниот проект за јадрено оружје (Tube Alloys ), и учествува во британската мисија за менхетанскиот проект. По војната, Бор се јавува за интернационална соработка поврзана со јадрена енергија. Тој е интергриран во установата на CERN[2] и Research Establishment Risø of the Danish Atomic Energy Commission, и во 1957станува првиот претседател на Нордичкиот институт за теоретска физика.