Неокази
село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia
Неокази — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Неокази | |
Поглед на селото Неокази | |
Координати 41°57′40″N 22°11′31″E | |
Регион | Источен |
Општина | Пробиштип |
Област | Злетовско-пробиштипско |
Население | 56 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21022 |
Надм. вис. | 450 м |
Неокази на општинската карта Атарот на Неокази во рамките на општината | |
Неокази на Ризницата |
Неокази се наоѓа југоистично од Пробиштип, на оддалеченост од 4 км од градот, на десната страна од Злетовска Река. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 450 м. Селскиот атар не е голем и зафаќа површина од 5,8 км2.[2]
Во XIX век, Неокази се наоѓало во Штипската каза, во Отоманското Царство.
Во текот на Првата балканска војна, од селото имало двајца доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]
Во атарот на селото има земјоделско земјиште на површина од 546 ха, од кои 306 ха се обработливо земјиште, 234 ха се пасишта и 6 ха шуми.[4]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Неокази имало 70 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Неокази имало 80 жители Македонци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 95 жители, сите Македонци. Бројот на домаќинства изнесувал 36, а бројот на живеалишта 60.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 56 жители, од кои 51 Македонец, 1 Србин и 4 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 70 | 80 | 188 | 192 | 192 | 169 | 137 | 111 | 109 | 95 | 56 |
Неокази е македонско село.
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Неокази, се наоѓале и селата Горни Стубул, Гризилевци, Добрево, Долни Стубул, Дренак, Калниште, Кундино, Маријино, Петрушино, Плешенци, Пробиштип и Стрмош. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип, во која влегувале селата Гризилевци, Калниште, Кундино, Неокази и Пробиштип.
Во селото постои избирачкото место бр. 1543 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 61 гласач.[16]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.