From Wikipedia, the free encyclopedia
Спортистите се натпреваруваат како независни учесници од најразлични причини, вклучувајќи политичка транзиција и меѓународни санкции. Земји од кои настапувале независни учесници се: Македонија, Источен Тимор, Јужен Судан и Курасао по геополитичките промени пред Олимписките игри, од Федерална Република Југославија (денес Косово, Црна Гора и Србија) како резултат на меѓународните санкции и оние натпреварувачи од Индија како резултат на суспендирањето на Националниот олимписки комитет. Медали биле освоени само на Летните олимписки игри во 1992 година за веме на стрелачките настани.
Независни учесници на олимписки игри | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||
Олимписка историја | ||||||||
Летни олимписки игри | ||||||||
Независни учесници (1992) Независни учесници (2000) Независни учесници (2012) |
||||||||
Зимски олимписки игри | ||||||||
Независни учесници (2014) |
Именувањата и државните кодови за овие неависни учесници биле под постојана промена.
Пред 1906 година, влезот на игрите не бил ограничен за екипи номинирани од страна на Националните олимписки комитети (НОК). Мешовити екипи се натпреваувале на одредени екипни настани. Учесниците во поеднинечните настани се соодветно заслужни за своите национални земји.
Зимски олимписки игри 1940 година биле доделени на Гармиш-Партенкирхен во пролетта 1939 година. Со окупацијата на Чехословачка од страна на Нацистичка Германија, организаторите одбиле да го признаат Чехословачкиот НОК, но сепак биле подготени да им дозволат на спортистите да се натпреваруваат под олимпиското знаме.[1] Но сепак, игрите биле откажани поради Втората светска војна.[1]
За време на Студената војна, некои спортисти кои емигрирале од комунистичките земји во Европа не биле во можност да се натпреваруваат на Олимписките игри, бидејќи нивните државни НОК не ги сакале во нивните екипи ниту пак им дале дозвола да ја сменат својата националност. Некои се обиделе да се натпреваруваат како поединци на игрите во 1952 и 1956 година, но биле одбиени.[2]
Кога Гвајана се придружила на бојкотот во 1976 година, нивниот спринтер Џејмс Гилкс побарал од МОк да му дозволи да се натпреварува како поединец, но бил одбиен.[3][4][5]
За време на Летните олимписки игри 1992 година, спортистите од Федерална Република Југославија и Република Македонија се натпреварувале како независни учесници. Македонските спортисти не можеле да се натпреваруваа под нивното знаме, бидејќи не бил оформен Македонскиот олимписки комитет. ФР Југославија (Србија и Црна Гора) била под санкции од Обединетите нации со кои биле спречени да се натпреваруваат на игрите. Сепак, на поединечните Југословенски натпреварувачи им било дозволено да се натпреваруваат како неазависни учесници. 58 спортисти се натпреварувале како независни учесници, и прито освоиле три медали. Во продолжение, 16 спортисти се натпреварувале како независни учесници на Параолимписките игри во 1992 година при што освоиле 8 медали.
На Летните олимписки игри 2000 година, четири спортисти се натпреварувале за Источен Тимор како независни учесници за време на преодот на нивната држава во независност. Двајца спотисти се натпреварувале како независни учесници на Параолимписките олимписки игри во 2000 година.
Четворица спортисти се натпреварувале како независни учесници на Летните олимписки игри во 2012 година.
По распадот на Холандските Антили и последователното повлекување на националниот олимписки комитет од МОК, спортистите кои се квалификувале им било дозволено да се натпреваруваат независно. Се натпреварувале тројца спортисти кои ги исполниле условите.
Националниот олимписки комитет на Јужен Судан не бил оформен за време на создавањето на државата и Летните олимписки игри во 2012 година. Еден спортист од Јужен Судан се квалифкувал на игрите, и му било дозволено да се натпреарува како независен учесник.
На спортистите од Кувајт им било дозволено да се натпреваруваат како независни учесници, поради тоа што нивниот национален олимписки комитет (НОК) бил суспендиран. Сепак, успензијата била покрената и им било дозволено на спортистите да се натпреваруваат под државното знаме. Кувајт се натпреварувал на олимпиското знаме на Младинските олимписки игри во 2010 година.[6]
Индиското олимписко здружение било суспендирано од страна на МОК во 2012 година, поради проблемите со изборот на членови.[7] Нови избори биле закажани на 9 февруари 2014 година, два дена пред почетокот на Зимските олимписки игри во 2014 година.[8] Поради тоа, тројцата индиски спортисти кои се квалификувале за игрите требало да се натпреваруваат како независни учесници.[7]
На 8 и 9 февруари, Шива Кешван учествувал во настанот санкање и го освоил 38-то место. Тој ќе биде единствениот учесник на игрите кој се натпреварувал како независен учесник.
На 11 февруари 2014 МОК го вратил меѓу своите членки Индиското олимписко здружение откако Нарајана Рамачандран, претседателот на Светската сквош федерација, бил избран за нов претседател на Индиското олимписко здружение, дозволувајќи им на останаите двајца индиски спортисти да се натпреваруваат под Индиското знаме, наместо како независни учесници. Ова била прва одлука на МОК за враќање на спортистите за време на тековните Олимписки игри.[9][10]
На 26 октомври 2015 година, претседателот на МОК, Томас Бах, објавил пред Генералното собрание не ООН дека на бегалците ќе им биде дозволено да се натпреваруваат под олимпиското знаме на Летните олимписки игри во 2016 година. Пред оваа промена, која била објавена за време на европската бегалска криза, неможноста на бегалците да ги претставуваат своите НОК не им овозможувало да се натпреваруваат.[11]
Медали | Име | Националност[12] | Игри | Спорт | Настани |
---|---|---|---|---|---|
Сребрен | Јасна Шекариќ | Југославија | Барселона 1992 | Стрелаштво | Жени 10 м воздушен пиштол |
Бронзен | Аранка Биндер | Југославија | Барселона 1992 | Стрелаштво | 10 м воздушен пиштол |
Бронзен | Стеван Плетикосиќ | Југославија | Барселона 1992 | Стрелаштво | Мажи 50 м пушка |
На Летните олимписки игри во 1980 година, поради делумната поддршка за бојкотот воден од страна на САД, 14 НОК се натпреварувале под олимпиското знаме, додека три земји учеснички, Нов Зеланд, Шпанија и Португалија се натпреварувале под сопствените знамиња.
Советскиот Сојуз се натпреварувал под олимпиското знаме на зимските игри во 1992 година и на Летните игри како Обединета екипа.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.