From Wikipedia, the free encyclopedia
Намцо (официјално Нам Цо, монголски:Тенгри Нур (Небесно езеро) ) е планинско езеро во Тибет, Кина. Езерото се наоѓа на границата меѓу Дамксунг од префектурата Ласа и Баингоин од префектурата Нагќу, околу 112 км северозападно од Ласа.
Езерото лежи на надморска висина од 4,718m и зафаќа површина од 1,870 км2.[1] Езерото е на најголема надморска висина од солените езера во светот и најголемото солено езеро во Тибет. И покрај то, не е најголемото езеро во историјата на географски Тибет. Најголемо, сепак е езерото Кингаи (речиси двојно поголемо), но поради промената на границата од 1965, тоа и припаѓа на Кина и е најголемо езеро во оваа земја.
Во езерото има 5 острови со различна големина, а на едн или два има камена руда. Езерото служело за религиозни намени кои ги извршувале поклониците кои поминувале по неговата ледена површина кон крјот на зимата, носејќи ја храната со себе. Тие ги поминувале летата покрај езерото, оневозможени да се вратат сè додека водата од езерото не замрзнела. Оваа пракса е практикувана и за време на комунистичкиот режим на Кина врз Тибет.
Најголемиот остров се наоѓа во северозападниот дел од езерото и е долг 2.100 м, а широк 800 м со возвишување до 100m кон средината. Неговата најблиска точка е на 3,1 км од брегот.
Највнатрешниот остров е на најблиска оддалеченостѕ од 5,1 км од брегот.
Времето покрај Намцо е променливо и често се случува да дојде и до снежни виулици на планинскиот венец Њаинкентагла.
Езерото Намцо се смета дека е едно од најубавите места на планинскиот венец Њаинкентагла. Пустинските пештери во близина, со векови биле одредиште за тибетските поклоници. Површинскиот пат низ Ларген Ла на надморска висина 5,186m беше завршен во 2005, овозможувајќи полесен пристап до езерото од Ласа, што овозможува развој на туризмот.
Во овааповршина се наоѓаат населбите Добџои, Догар и Чагјунгоинба.
Манастирот Таши Дор се наоѓа покрај југоисточниот дел од езерото.
Во хонгконшкиот филм од 2002 Допир се снимени неколку сцени од езерото.
Постојат некои неточни записи кои велат дека езерото Намцо се наоѓа на најголема надморска виина во светот. Но, оваа констатација е точна за езерото Сенгли кое се наоѓа на надморска висина од 5,386m и зафаќа површина од 92 км2. Сепак, Намцо е соленото езеро кое се наоѓа на највисока надморска висина во светот.
За езерото Намцо исто така е снимен и документарец на BBC.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.