Мобилен телефон или преносен телефон — електронско телекомуникациско средство, т.е. вид на телефон.[1][2]
Почетоци
Во пионерската фаза на мобилната технологија (1921 - 1945), доминирале воената и полициската примена. Најголема тешкотија била изградбата на радиопредаватели кои би можеле да функционираат и во автомобил во движење. Во тоа време мобилниот телефон имал значајно големи димензии и трошел многу енергија, па единствено можел да се смести во автомобил, додека џепниот мобилен телефон (денес, практично, само такви и се користат) бил незамислив. Главен технолошки напредок во оваа област е воведувањето на честотни модулации (ФМ) во 1935 година. Првиот функционален мобилен систем бил инсталиран за потребите на полицијата во 1928 во Детроит. Макар што и тој бил едносмерен, односно пренос на говорот бил можен само од централата до телефонот („Calling аll cars“, е позната фраза од полициските филмови во тоа време), значајно ја подигнал ефикасноста на локалната полиција и набрзо почнал да се користи и во другите градови во Америка. Едвин Армстронг во 1935 ја пронашол ФМ и предизвикал права револуција во радиоиндустријата, најмногу во радиодифузните системи. После тоа, ФМ набрзо бил воведен во мобилната комуникација. Мобилни радиосистеми на основа на ФМ до 1940 потполно ги потиснале претходните генерации со амплитудска модулација (AМ). Втората светска војна имала пресудна улога во развојот на индустриски потенцијали за масовно производство на ФМ радиоуреди. Големината, цената и достапноста на уредите доста се поправиле од 1946 и отвориле врата на комерцијалната фаза во мобилната телефонија. Меѓу основните одлики на секој телекомуникациски канал кој користи радиопренос се „централната честота“ и „ширината на каналот“ (ширина на честотниот опсег). Кога на еден радиоприемник со скали се бира посакувана станица, всушност се бира одредена централна честота.
Пчелно саќе
Следната револуциска појава е воведување на „дигиталниот“ пренос во мобилната телефонија, наместо дотогашниот „аналоген“. Дигитален пренос значи дека говорот прво се претвора во низа на броеви, потоа тие броеви преку радиосигнал се пренесуваат меѓу централата и корисникот, за на крајот повторно од броевите да се генерира говор. Дигиталните мрежи имаат низа предности во однос на аналогните: отпорност на шум (кој се слушате секојдневно на радиоприемниците, ако се избере станица која е далеку), отпорност на прислушкување, можност за поправање на грешки и можност за регенерирање на сигналот (што е од доста важно значење за совладување големи раздалечености). Исто така, интелигенцијата на дигиталната мрежа овозможува таа да се приспособува на изменети услови за работа (преку напредни постапки, како што се: еквализација, контрола на ехото, надгледување на условите во каналот итн.); флексибилноста на дигиталната мрежа често овозможува да се внесат нови функции или исправки на старите со едноставна измена на софтверот. Освен тоа, единствено на дигиталните системи можат да се применат модерни, ефикасни и исклучиво безбедни методи на шифрирање, што е од непроценлива важност за приватност во комуникацијата. Конечно, дигиталната мрежа е „генеричка“, таа пренесува бинарни симболи - битови (броеви 0 и 1), без обѕир што тие претставуваат. Тоа е предуслов за врска со модерната жична дигитална ИСДН мрежа (Integrated Services Digital Network), во која со истите преносни патишта се пренесуваат нформациите, без обѕир на нивната природа (говор, слика, податоци...).
Quantity Market Shares by Gartner (New Sales) | ||||
---|---|---|---|---|
Марка | Процент | |||
Nokia 2009 | 36,4 % | |||
Nokia 2010 | 28,9 % | |||
Samsung 2009 | 19,5 % | |||
Samsung 2010 | 17,6 % | |||
LG Electronics 2009 | 10,1 % | |||
LG Electronics 2010 | 7,1 % | |||
Research In Motion 2009 | 2,8 % | |||
Research In Motion 2010 | 3,0 % | |||
Apple 2009 | 2,1 % | |||
Apple 2010 | 2,9 % | |||
Други-1 2009 | 12,6 % | |||
Други-1 2010 | 9,8 % | |||
Други-2 2009 | 16,5 % | |||
Други-2 2010 | 30,6 % |
Комерцијален ЦДМА
Со гледиштата на стратешките определености во поглед изградба на идните мобилни мрежи, дигиталниte мрежи се во предност пред аналогните. Дилемата е на кој начин да се искористи честотниот опсег на располагање на што поголем број потенцијални корисници во дигиталната мрежа (т.н. „начин на мултиплексирање на сигналот“). Можностите се честотен мултиплекс (FDМA - Frequency Division Multiple Access), временски мултиплекс – (ТDМA- Time Division Multiple Access) и коден мултиплекс – (CDМA- Code Division Multiple Access), преземен од воените системи со проширен спектар (Spread Spectrum Systems), попрецзно од техника со директна секвенца (Direct Sequence), за познавачите на воените комуникации. Комерцијалните ЦДМA системи до пред неколку години беа само во фаза на тестирање, меѓутоа денес, најмногу во Северна Америка, на компаниите им се поделени дозволи за работење на мобилната телефонија под овој принцип и нивната комерцијална примена е во полн замав. Останатите дигитални системи за мобилна телефонија се засновани на комбиниран ФДМA-ТДМA принцип и со години се во комерцијална употреба. Типични претставници се американските ДAМПС (Digital Advanced Mobile Phone System) и прочуените европски ГСМ систем (Global System for Mobile Communications), кој од 1996 година е присутен и во Македонија.
Мобилните телефони во Македонија
Првиот мобилен оператор во Македонија бил формиран во септември 1996 година под името Мобимак, кое подоцна во септември 2006 се промени во Т-Мобиле и стана дел од Т-Мобиле семејството, а сега е познато под името Македонски Телеком.
Вториот мобилен оператор во македонската мобилна телефонија е Космофон (подоцна со промена на сопствеништвото преименуван во Оне) кој започна со работа на 12 јуни 2003 година. Овој оператор беше дел од Космоте групацијата, а денес е дел од Телеком Словеније.
Третиот мобилен оператор е ВИП кој започна со работа во 2007 година. Овој оператор е познат по неговата улога и носењето на вистинската конкуренција во мобилната телефонија.
Вториот и третиот оператор се споија во еден, сега познат под името А1 Македонија.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.