Телеграф

From Wikipedia, the free encyclopedia

Телеграф

Телеграф претставува секој уред или систем за пренесување пораки на далечина со помош посебен систем за сигнали.

Thumb
Телепринтери во Втората светска војна
Thumb
Оптички Шапов телеграф
Thumb
Хјузов телеграф

Историја

Најстарите облици на телеграфи се појавиле уште во древните царства, кога биле користени огнени и димни сигнали. Во XVIII век измислен е семафорот. Во XIX век е измислен електромагнетниот телеграф. На овој телеграф и денес се мисли кога се зборува за телеграф. Како средство за пренесување на сигнали е користена бакарна жица. Од 1895 година за пренос на сигнали почнуваат да се користат радио бранови, а уредите се викаат радио-телеграфи. Во XX век се појавуваат телепринтери, односно телекс уреди кои телеграфските сигнали автоматски ги претвораат во зборови на хартија. Подоцна се појавуваат телефото уреди кои наместо пораки пренесуваат слики. После нив се дојдени телефакс уредите. Е-поштата и други системи за пренесување на пораки преку семрежјеѕо, исто така, може да се вбројат во телеграфски системи.

Телеграфот како тема во уметноста

  • „Телеграма“ - расказ на чешкиот писател Карел Чапек.[1]
  • „Телеграма дојде пукот да се дигат“ - македонска народна песна.[2]

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.