Микроблогирање
From Wikipedia, the free encyclopedia
Микроблогирање (од англ. microblogging) — медиум за објавување на информации во облик на блог. Разликата помеѓу микроблогот и блогот се состои во тоа што содржините кај микроблогирањето се значајно пократки. Со него корисниците „разменуваат мали парчиња содржини како кратки реченици, поединечни слики, или видеоврски“.[1]
Како и кај блогирањето, микроблогерите објавуваат свои искази на најразлични теми, кои можат да бидат мошне прости (на пр. што прави корисникот во моментот) или пак да покриваат некаква тематика (на пр. спортски автомобили). Постојат и комерцијални микроблогови кои се наменети да рекламираат или промовираат мрежни места, услуги и/или производи, или пак се предвидени да ја унапредат соработката во рамките на една организација.
Некои служби за микроблогирање нудат можности како нагодување на приватноста, со што корисниците можат да одредат кој може да ги чита нивните микроблогови, или други начини на објавување на исказите покрај обичниот кориснички посредник на семрежјето. Тука спаѓаат, СМС-пораки, непосредни пораки, е-пошта или аудиоснимки.