Интернет
светски сисетем од поврзани сметачки мрежи / From Wikipedia, the free encyclopedia
Интернет (англиски: Internet) или семрежје — јавно достапен систем на меѓусебно поврзани сметачки мрежи од целиот свет, кои пренесуваат податоци во форма на пакети со користење на стандардното множество протоколи означено како TCP/IP. Се состои од голем број мали и големи, домашни, деловни владини и невладини мрежи, коишто заедно пренесуваат различни информации и услуги, како електронска пошта, директен разговор, како и меѓусебно поврзани мрежни места (websites) и други документи од Мрежата (Светска мрежа — World Wide Web, WWW).
Наспроти општоприфатеното користење, поимите интернет и мрежа (web) не се синоними: интернет е збирка на меѓусебно поврзани сметачки мрежи, поврзани со бакарни жици, оптичковлакнени кабли, безжични врски и слично, додека мрежата е збирка на меѓусебно поврзани документи со користење хиперврски и адреси (Uniform Resource Locator / URL ), до коишто може да се пристапи со користење на интернетот. Покрај мрежата, интернетот обезбедува и многу други служби, како е-пошта, споделување на податотеки итн...