Меѓународна организација на трудот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Меѓународна организација на трудот (МОТ) — специјализирана агенција на Обединетите Нации која се занимава со прашањата поврзани со трудовата проблематика.[1] Нејзиното седиште е во Женева. Основана е во 1919 година и во периодот до Втората светска војна е агенција на Друштвото на Народите. Во 1946 година МОТ станува прва специјализирана агенција на ОН. Од 2012, во МОТ членуваат 185 земји од светот. Република Македонија е членка на МОТ од 28 мај 1993 година.
Меѓународната организација на трудот | |
Кратенка | МОТ |
---|---|
Основана | 1919 |
Вид | Агенција на ООН |
Правен статус | активна |
Седиште | Женева |
Шеф | Хуан Сомавиа |
Мреж. место | ilo.org |
МОТ се залага за зајакнување на работничките права, за подобрување на работните и животните услови на работниците, за создавање на нови работни места и за обезбедување пристап до информации и обука. Една од основните функции на МОТ е воспоставување на меѓународни стандарди на заштита на работничките права.
МОТ има трипартитен состав, односно негови членови се претставниците на државите, синдикатите и работодавците.
Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1969 година.[2]