![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/ad/Scalar_potential_of_a_point_charge.jpg/640px-Scalar_potential_of_a_point_charge.jpg&w=640&q=50)
Материјална точка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Материјална точка e поим кој се користи во механиката. Со него се означува некој објект чии димензии и облик се занемарливо мали во однос на димензиите на просторот кој се испитува или во кој тоа тело се набљудува или се движи. На пример, со материјални точки се означуваат елементарните честички, но и планетите и Сонцето кога се испитуваат нивните движења и взаемни дејства. При ваквите претставувања се смета дека вкупната маса на телото е концентрирана во материјалната точка. Материјална точка во природата не постои, т.е. таа е апстракција која служи за теоретски испитувања.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/ad/Scalar_potential_of_a_point_charge.jpg/640px-Scalar_potential_of_a_point_charge.jpg)
Положбата на материјалната точка се одредува во однос на некое референтно тело, кое се поставува во координатниот почеток на некој координатен систем. При тоа, најчесто се користи Декартовиот правоаголен координатен систем. Положбата на материјалната точка M е определена со полупречник-вектор , кој го поврзува координатниот почеток со материјалната точка. Комплетно опишување за движењето се добива ако во секој момент е позната положбата на материјалната точка. Со векторската равенка
е претставена временската зависност на положбата на точката M. Интензитетот и правецот на еден полупречник-вектор може да биде даден со трите проекции на овој вектор врз координатните оски, означени со x, y и z. Во таков случај, положбата на материјалната точка во зависност од времето е опишана со трите координатни функции:
Со овие параметарски равенки, како и со претходната векторска равенка е определен обликот на траекторијата по која се движи материјалната точка.