![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/ff/Coordinate_with_Origin.svg/langmk-640px-Coordinate_with_Origin.svg.png&w=640&q=50)
Координатен почеток
From Wikipedia, the free encyclopedia
Координатниот почеток (се означува со O) во еден Евклидов простор е посебна точка што се користи како појдовно место за геометријата на околниот простор. Во Декартовиот координатен систем, почетокот е во точката кајшто се сечат оските. Во Евклидовата геометрија, почетокот може да биде било која точка, на било кое место.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/ff/Coordinate_with_Origin.svg/212px-Coordinate_with_Origin.svg.png)
Најстапени координатни системи се дводимензионалните (опфатени во рамнина) и тридимензионалните (опфатени во простор), составени од две, односно три нормални оски. Почетокот ја двои секоја оска на два дела, наречени позитивна и негативна полуоска. Потоа точките на рамнината или просторот се означуваат со бројчени координати во однос на почетокот (положбата на нивните проекции долж оските, во позитивна или негативна насока). Самиот почеток има нулти координати; (0,0) во две димензии и (0,0,0) во три.
Почетокот на комплексната рамнина е точката кајшто се сечат реална оска и имагинарна оска, т.е. точката што претставува 0 + 0i.