Малниц
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Малниц (германски: Mallnitz, од слов. Малиница) — општина во округот Шпитал на Драва од сојузната покраина Корушка, Австрија.
Малниц Mallnitz | ||
---|---|---|
Малничката Долина | ||
Земја | Австрија | |
Сој. покраина | Корушка | |
Округ | Шпитал на Драва | |
Управа | ||
• Градоначалник | Гинтер Новак (СПА) | |
Површина[1] | ||
• Вкупна | 111,91 км2 (4,321 ми2) | |
Надм. вис. | м | 1.191|
Население (2018-01-01)[2] | ||
• Вкупно | 786 | |
• Густина | 0,070/км2 (0,18/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Пошт. бр. | 9822 | |
Повик. бр. | 04784 | |
Мреж. место | mallnitz.gv.at |
Сместен е во висодолината на венецот Високи Таури кој се протега на југ до Оберфелах (Горна Бела) долж реката Мел и ја двои Анкогелската Група на исток од Голдбершката на запад. На север е главниот алпски срт кој ја исцртува границата помеѓу покраините Корушка и Салцбург. Кај Малниц е и јужниот влез на железничкиот Таурски тунел.
Општината Малниц се состои од две села: Малниц и Дезен. Северните делови влегуваат на територијата на Националниот парк Високи Таури.
Веќе во бронзено време во околината на Малниц постоел трговски пат за мазги кој минувал низ планинските превои до Гаштајнската Долина на север. Познато е дека околу 400 г. п.н.е. низ областа минувале Келтите. На почетокот на I век подрачјето било припоено кон римската провинција Норик (15 г. п.н.е.), а патеките биле преуредени во римски пат. Веројатно првата населба долж патот се појавила со доселувањето на Словените во Источните Алпи од VII век, но месноста Малиница се споменува дури во 1299 г. На оваа територија биле поседите на замокот Фалкенштајн во владение на грофовите на Горица со седиште во Лиенц.
Во средновековието, Малниц имал стратешко значење како испостава на трговскиот пат за Салцбург, особено при превозот на сол и злато ископани од Високите Таури. Денешната општина настанала во 1895 г. со одвојување на територија од Оберфелах. Месното стопанство доживеало подем со изградбата на Таурскиот тунел (1901-1907) и пуштањето на Таурската железница во 1909 г. Од 1920 г. низ тунелот почнал да сообраќа и товарен воз за автомобили до станицата Малниц–Оберфелах.
Малниц е збратимен со следново место:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.