From Wikipedia, the free encyclopedia
Мал корморан (науч. Microcarbo pygmaeus, народен макед. назив: ачко) — водна птица, од родот мал корморан (Microcarbo) во склоп на семејството корморани (Phalacrocoracidae). Се размножува во Југоисточна Европа и Југозападна Азија. Тој е делумно преселнички вид, при што северните популации презимуваат длабоко на југ, најмногу во склоп на териториите каде се размножува. Редок е во Западна Европа. Во Македонија живее на Преспанското Езеро.
Мал корморан | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Блуновидни |
Семејство: | Корморани |
Род: | Мал корморан |
Вид: | Мал корморан |
Научен назив | |
Phalacrocorax pygmeus (Pallas, 1773) | |
Малиот корморан живее и се размножува во колонии во блатата со мирна или бавнотечечка слатка вода, во крајбрежните делти и слатководните езера со многу вегетација. Тој гради гнездо од трева и гранчиња на ниски дрвја.
Ова е средноголема птица со зеленикав одблесок, долга 45–55 см и со распон на крилјата 75–90 см. Поседува долга опашка и краток задебелен клун. Возрасните имаат мали бели пердуви на вратот и стомакот во сезоната на размножување. Птиците кои не се во сезона на размножување поседуваат бело грло. Половите се слични на изглед, но младите единки се потромави и покафеавкасти.
Овој вид се разликува од големиот корморан и аристотеловиот корморан по тоа што е помал, поситен и има подолга опашка.
Малиот корморан се храни главно со риби, често ловејќи во група, и обитува во дрвјата меѓу периодите на ловење. При крај на мај, снесените јајца ги инкубираат двата родитела во период од 27 до 30 дена. На младенчињата им е потребно 70 дена за да се осамостојат, а претходно ги хранат родителите со риби и други ситни водни животни.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.