Евроазиски рис (науч. Lynx lynx) — мачка од средна големина, автохтона на европските и сибирските шуми, каде е грабливец. Во Република Македонија ова е ретко и заштитено животно, и еден од симболите на државата. Евроазискиот рис е најголем од сите рисови, со должина од 80 до 130 см и висина од 70 см кај плешките. Мажјаците тежат од 18 до 30 кг, а женките просечно по 18,1 кг.[1] Има сиво до црвенкасто крзно со црни дамки. Шарата на крзното варира; рисовите со многу шари можат да се најдат близу до оние без шари. Ова е ноќно животно и како возрасно живе само. Покрај ова, звукот кој тие го испуштаат е многу тивок и ретко се слуша, и така присуството на овој вид некаде може да биде незабележано со години. Полесно е да се најдат остатоците од пленот и стапки, отколку да се види самото животно.

Кратки факти Евроазиски рис, Научна класификација ...
Евроазиски рис
Thumb
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: `Рбетници
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Мачки
Род: Рисови
Вид: Евроазиски рис
Научен назив
Lynx lynx
(Linnaeus, 1758)
Thumb
Ареал на евроазискиот рис
Затвори

Рисот се храни со зајаци, глодачи, лисици, срни, дивокози и ирваси. Како и други мачки, обидот на поголем плен е ризик. Главно лови со прикрадување и скокање врз пленот. Зимно време, заради снегот, ова е потешко, па тогаш се префрла на поголем плен. Европскиот рис претпочита диви шумовити предели со многу скривалишта и можност за прикрадување. Ловната површина на просечниот рис е од 20-60 км² и може да изоди повеќе од 20 км за една ноќ.

Статус

Некогаш ова животно било честа појава насекаде низ Европа. До средината на XX век, рисот исчезнал во централна и западна Европа, каде во последно време одново е заживеан. Природно животното сѐ уште живее во источните и северните делови на Европа. Околу 90% од сите рисови живеат во Сибир. На целиот Балкан има нешто повеќе од 100 риса, од кои, најголемиот број од популацијата на критично загрозениот подвид - балкански рис (науч. Lynx lynx balcanicus), живеат во западна Македонија.[2] Заради овој факт, рисот е законски заштитен вид во земјата и еден од симболите на Македонија, и стои на монетата од 5 денари.

Рисот во Македонија

Thumb
Распространетост на рисот во Македонија (2002)

Во минатото, рисот бил распространет на целата територија во западните и јужните делови на Македонија, како и на некои планини во источна Македонија.

Со влошување на животните услови балканскиот рис целосно исчезнал од источните делови на Македонија, така што денес може да се најде само во густите шуми и недопрени области во Западна Македонија. Последните податоци за рис во Источна Македонија се од 1924 на планината Плачковица.[3]

Во врска со големината на популацијата на рисот во Македонија, постојат бројни и различни податоци од кои не може да се извлече доследен заклучок. Според тврдењата на Мириќ на територијата на Македонија имало 120 единки,[3] додека пак според Мицевски само во клисурата на реката Радика може да се најдат околу 54 единки.[4] Христовски и Ангеловски, пак, проценуваат дека на целата територија на Македонија вкупниот број на рисови е приближно 35.[5] Во 2002 година Грубац проценува дека на територијата на Македонија живеат околу 35-40 единки.[6]

Според Мириќ во периодот од 1917 до 1977 година рисот го проширил својот ареал на распространување во Македонија.[7] Во последните триесет години очигледно е дека бројноста на популацијата е во опаѓање, но од неодамнешните литературни податоци не може точно да се утврди во која мера е тоа опаѓање.

Во март, 2010 е фатена жива единка на подрачјето на Маврово за која не се знае сè уште на кој подвид припаѓа.

Популацијата на рисот е изложена на најразновидни закани, кои во најголем број произлегуваат од активностите на човекот. Некои од главните закани кои се забележани во Македонија се:

  • Малубројната популација и малиот репродуктивен потенцијал
  • Криволовство како една од најсериозните закани
  • Редукција на пленот како резултат на криволовството и деградацијата на стаништата
  • Деградација на стаништата во кои живее рисот и нелегалното сечење на шумите
  • Фрагментирање на стаништата и дисконтинуираност на биокоридорите преку разни инфраструктурни елементи
  • Вознемирување (рекреација, шумски активности и сл.)
  • Директна и индиректна конкуренција со волкот кој живее во истите станишта

Законски регулативи

Рисот е животно кое е заштитено со закон во Македонија. Законот за ловство (Службен весник на РМ 20/96) го дефинира рисот како дивеч и го категоризира како заштитен дивеч (Член 12), а неговиот лов е трајно забранет (Член 15). Друг закон,мошне важен за заштитата на дивите животни е Законот за заштита на природата, кој е имплементиран во јуни 2005. Рисот е заштитен и со неколку меѓународни конвенции, кои се ратификувани од Р Македонија: Бернската конвенција, CITES, EU Habitats & Species Directive.

Подвидови

Thumb
Скандинавски рис (Lynx lynx lynx)

Ова се утврдени подвидови на Европскиот рис. Други се сѐ уште само предлози, но сега се смета дека се синонимни со овие.

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.