Макасарски Проток
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Макасарскиот Проток (индонезиски: Selat Makassra) е проток помеѓу островите Борнео и Сулавеси во Индонезија. Ги спојува Целебеското Море на север и Јаванското Море на југ.
Во протокот се влева реката Махакам на Борнео.
Долж протокот се сместени пристанишните градови Баликпапан (Борнео) и Макасар и Палу (Сулавеси). По течението на реката Махам е се наоѓа и градот Самаринда, 48 км спротиводно од протокот.
Протокот е мошне прометен поморски пат за бродовите кои се преголеми за да одат низ Малачкиот Проток.
Според Меѓународната хидрографска организација (МХО), Макасарскиот Проток е една од водите на Источноиндискиот (Индонезиски) Архипелаг, и ги има следниве граници:[1]
Преминот помеѓу источниот брег на Борнео и западниот брег на Целебес [Сулавеси] граничи со:
на север. Линија од Танџонг Мангакалихат, Борнео (1°02′N 118°57′E) и Стромен Кап, Целебес (1°20′N 120°52′E).
на југ. Линија од југозападниот крај на Целебес (5°37′S 119°27′E), преку јужниот крај на Тана Кеке, до јужниот крај на Лаут, (4°06′S 116°06′E) а оттаму по западниот брег на тој остров до Танџонг Киви, а оттаму напреку до Танџонг Петанг, Борнео (3°37′S 115°57′E) на јужниот крај на Лаутскиот Проток.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.