Локални избори во Македонија во 2017 година — избори што се одржале на 15 октомври 2017 година со цел избирање на советници и градоначалници во 80 општини во Република Македонија и во градот Скопје.[1] Изборите биле распишани на 6 август 2017 од собранискиот претседател Талат Џафери.[2] Листи со кандидати за градоначалници и советници поднеле 19 партии и коалиции, како и 64 групи избирачи.[3] Изборната кампања траела од 25 септември до 13 октомври, а гласање во прв круг имало на 3.480 избирачки места на територијата на Македонија.[4] Право на глас имале 1.814.644 граѓани запишани во избирачкиот список.
Во првиот круг, градоначалници биле избрани во 45 општини, а во 35 општини имало втор круг. СДСМ во првиот круг победиле во 37 општини и во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ победиле во 3, а ДУИ во 2 општини.[5] Во вториот круг, СДСМ победиле во 19 општини, ДУИ во 8, АА во 3, ВМРО-ДПМНЕ во 2, додека Беса и ДПА во по 1 општина.[6][7]