From Wikipedia, the free encyclopedia
Лимасол или Лемесос (грчки: Λεμεσός - Lemesos; турски: Leymosun) — втор по големина и најважниот град во Кипар. Истовремено и најголемо пристаниште во Кипар, во последните неколку децении станал многу значаен туристички центар. Се наоѓа меѓу двата антички града Аматус и Куријон. Непосредно западно од Лимасол е подрачјето Акротири, каде се наоѓа воената база на Обединетото Кралство.
Лимасол Λεμεσός / Limasol | ||
---|---|---|
| ||
Координати: 34°40′29″N 33°02′39″E | ||
Држава | Кипар | |
Област | Лимасол | |
Управа | ||
• Градоначалник | Андреас Христоу | |
Површина | ||
• Градска | 35,87 км2 (1,385 ми2) | |
Население (2011) | ||
• Градско | 101.000[1] | |
• Градскo | 165.000−176.700[2][3] | |
Час. појас | EET (UTC+2) | |
• Лето (ЛСВ) | EEСТ (UTC+3) | |
Поштенски код | 3010–3150 | |
Мреж. место | www.limassolmunicipal.com.cy |
Лимасол се наоѓа на јужниот брег на островот Кипар. Од главниот град Никозија, е оддалечен 75 километри на југозападно, а од Ларнака 60 км западно. Лимасол се наоѓа на Акротирскиот Залив на Средоземното Море, на 0-30 метри надморска височина. Климата во Лимасол е средоземна со елементи на сува, степска клима. Просечната годишна температура е 25 степени, а количеството на врнежи е околу 410 мм/мм2.
Лимасол денес има околу 101.000 жители во границите на градот,[1] и околу 165-176.700 илјади жители во поширокото градско подрачје.[2][3] Мнозинско население во градот се грците, додека некогаш присутното турско малцинство се иселило после турската инвазија. Во исто време, градот е полн со илјадници грчки бегалци од северниот дел на островот. Во последните години, во градот сè повеќе се населуваат странци или економски доселеници од истокот или некогашните туристи од западот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.